1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонските црковни кавги во Австралија продолжуваат

МПЦ и на илјадници километри од седиштето се соочува со раскол и неединство. Во оваа австралиска делба главни актери се група верници од една и владиката Петар, надлежен за австралиската епархија, од друга страна.

default

Поради споровите најчесто страдаат верниците

Причината за поделба не е духовна, црковна ниту пак идеолошка. Таа е исклучиво материјална. Станува збор за спор за црковниот имот. Македонските иселеници водат жестока битка за докажување на сопственоста врз црквите во Австралија. МПЦ се обидува да ги стави под своја контрола. Паѓаат тешки меѓусебни обвинувања.

“Со овој владика не можеме да излеземе на крај. Оди против народот, повеќе не‘ разделува отколку што не‘ соединува“, велат верниците.

Владиката Петар тврди дека МПЦ контолира 22 од вкупно 26 цркви во Австралија.

“Поделбите се врз основа на тоа кој зошто и каде да биде управител, кој ќе биде главниот што ќе ги контролира сите цркви. Ова се лидерски судири меѓу иселениците“, тврди Владиката Петар а верниците коментираат:

“Ниту долар МПЦ не дала за изградба на овие цркви, сами сме ги граделе“.

Kirche in Mazedonien

Македонските владици

Силни аргументи

Силни се аргументите и на двете страни.

“Дали имотот ќе и‘ припадне на МПЦ и тие луѓе ќе се раководат од црковните закони или црквите ќе се раководат врз компаниски закони и ќе ги затвораат црквите за свештениците – тоа е проблемот. Ние се залагаме да бидат црквите и манастирите, исто како и во Македонија, под контрола на МПЦ, во согласност со црковните закони и канони“, тврди Владиката Петар.

Некои иселеници сметаат дека и двете страни имаат право.

Цркви остануваат затворени

Спорот ја разединува македонската заедница во Македонија, но го отежнува и нормалното одвивање на верскиот живот на иселениците. Луѓе во разговор за Дојче веле сведочат за бројни примери кога не можеле да добијат најобична црковна услуга. Еден од повпечатливите примери е следниов. Семејството на починат Македонец во Австралија се јавило во црква да побара свештеник за погребот. Попот им рекол дека не работи попладне по 17 часот и одбил да ги услужи. Најголем е спорот за црквата Света Петка во Сиднеј. Таа подолго време не работи, односно нема свештеници. Тврдите ставови, од кои не отстапува ниту една страна, не ветуваат скорешно затворање на црковниот проблем на Македонците во Австралија.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска