1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонските фудбалери пропуштија шанса за победа

Македонија има за што да жали по ремито во Глазгов против Шкотска. Иако е освоен првиот бод во квалификациитге, македонските фудбалери пропуштија можност да си заминат со голема победа.

Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 1:1 на синоќешното гостување во Глазгов против Шкотска и го освои првиот бод во квалификациите за Светското првенство 2014.

Натпреварот на „Хампден Парк“ почна добро за избраниците на селекторот Чедомир Јаневски. Почетната иницијатива и’ донесе водство на Македонија во 11. минута. Акцијата започна од корнер, кога по едно двојно проигрување топката дојде до Иван Тричковски, кој упати уфрлување пред голот на Шкотите, а таму натрча Николче Новески и ја погоди мрежата на Алан МекГрегор. Повторените снимки покажаа дека Новески бил во офсајд позиција при постигнувањето на голот, но погодокот во секој случај беше реален одраз на случувањата на теренот до тој момент.

Шанси за победа

Македонските фудбалери продолжија со исто темпо, ја контролираа играта и ја имаа повеќе топката во свој посед. Најдобриот фудбалер на натпреварот, капитенот Горан Пандев, во 31. минута издржа три дуели со домашните фудбалери и му овозможи голема шанса на Агим Ибраими, кој шутираше во шкотскиот голман и пропушти да зголеми на 2:0.

Казната за пропуштената шанса на Ибраими стигна на две минути пред крајот на првото полувреме. Се играше 44. минута кога Ванче Шиков не успеа да спречи акција на Џејми Маки, кој асистираше до Кени Милер за изедначување 1:1, што воедно беше и конечен резултат.

Второто полувреме македонските фудбалери го започнаа попретпазливо и малку повлечено, но по десетина минути игра се ослободија од притисокот наметнат од шкотските фудбалери. „Црвено – жолтите“ почнаа да играат како во првиот дел, а тоа резултира со одличниот удар на „резервистот“ Ферхан Хасани во 58. минута кој заврши во стативата на МекГрегор.

Шансата на натпреварот ја пропушти Мирко Ивановски во 72. минута. Тој

Mazedonien Schottland WM Quali

Николче Новески го постигнува голот за Македонија

проигран од Пандев, од само неколку метри, биеше право во голманот на домаќините, кој е најзаслужниот што фаворитот остана непоразен пред своите навивачи.

Британскиот „Скајспортс“ највисока оценка на мечот му даде токму на македонскиот напаѓач Ивановски.

Јаневски разочаран

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски изјави дека е разочаран што неговиот тим не успеа да ги освои трите бода во Глазгов.

„Кога ќе видите дека шкотскиот голман МекГрегор е играч на мечот, се ви е јасно. Задоволен сум од играта на мојот тим, но не и од резултатот“, рече Јаневски.

Разочаран од исходот е и шкотскиот селектор Крег Левајн, но тој, за разлика од Јаневски, се соочува со остри критики во домашната фудбалска јавност, која очекува пласман на репрезентацијата на Светското првенство.

„Игравме против добар тим, кому веројатно му одговораше тоа што во нашиот тим имаше толку многу напаѓачи, па бевме ранливи на контра-напади“, рече Левајн.

На другите два натпревари од 2. коло во А групата одиграни синоќа, Србија го совлада Велс со 6:1, а фаворитите Белгија и Хрватска одиграа нерешено 1:1.

Следните натпревари од мундијалските квалификации за Бразил 2014. ќе се одиграат следниот месец. Македонија ќе игра на домашен терен на 12 октомври со Хрватска, а четири дена подоцна со Србија.

Deutschland - Österreich WM-Qualifikation

Томас Милер и Месут Озил

Германија победи, но разочара

Во Групата Ц, големиот фаворит Германија ја забележа и втората победа, иако разочара со играта во дуелот против Австрија. На гостувањето во Виена, германскиот тим славеше со 2:1 благодарение на головите на Марко Ројс во првото и Месут Озил од пенал во второто полувреме. Погодокот за Австрија го постигна Јунузовиќ. Австријците во текот на мечот пропуштија серија шанси за гол, а германските медиуми по мечот беа едногласни во оценката дека домаќините заслужиле најмалку бод од дуелот.

Во оваа група Шведска го совлада Казахстан со 2:0.

Од поинтересните дуели во другите групи, Украина успеа да извлече бод играјќи 1:1 на гостувањето во Лондон против Англија. Холандија, во подмладен состав со старо-новиот селектор Луис Ван Гал ја совлада нагости Унгарија со 4:1, додека Русија беше поуспешна од Израел, исто така нагости, со 4:0.