1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Македонските фудбалери победија за Тоше

*

Во рамките на квалификациите за ЕП во фудбал, Македонија во Скопје ја победи Андора со 3:0. Мечот му беше посветен на најголемиот поп пеач Тоше Проески, кој пред два дена трагично загина во сообраќајна незгода. Пред почетокот на мечот беше промовирана навивачката химна, последната песна која ја сними Тоше. Фудбалската репрезентација носеше маички со ликот на поп ѕведата, а преполниот градски стадион го скандираше неговото име.

И најпознатиот македонски пијанист Симон Трпчевски, синоќешниот концерт во Лондон му го посвети на Тоше.