1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонските работници прекувремено без пари

Градежните работници во лето на плус 40 Целзиусови на опасните скелиња, други на полињата без одмор, трети во прегреаните фабрички хали беа клима уреди, а заедничка им е и до 12-часовната прекувремената работа.

Невработеноста во Македонија е голема, поради што работниците исплашени дека ќе останат без работа, прифаќаат да работат и кога им се кршат работничките права, а прекувремената работа не им се доплатува. Во страв дека газдите дека ќе ги отпуштат од работа, тие најчесто не бараат доплата на прекувременото.

Еден од многуте работници кои работат прекувремено, а кој од оправдани причини сака да остане анонимен, исплашено ни изјави: „Работам во една скопска пекара, а газдите претеруваат со прекувремена работа, но мораш да работиш. Не сме се ни обратиле, не сме се ни пожалиле, нема каде да се пожалиш. Ако се пожалиш, ни вика и самиот газда, ќе те избркам и толку“.

Работа на црно за преживување

Mazedonien Land und Leute

Работниците во Македонија работат во прегреани работнички хали или на опасни скелиња на високи надворешни температури

Како што ни изјави за Дојче веле Павел Трендафилов, претседател на Синдикатот за градежништво, најголем дел од работниците се исплашени дека ќе ја загубат работата, молчат и не пријавуваат до нив и Државниот инспекторат за труд.

„Се вработуваат на црно за да преживеат, со тоа што ако преговорат добиваат отказ.Така што кај работниците постои голем страв и апсолутно можам да речам дека стравот го прави тоа да не пријавуваат, а да бидат злоупотребени и работат преку тоа што законот предвидува“, вели Трендафилов.

Од синдикатот велат, иако се малку, има и храбри кои се решаваат на таков чекор. 

„Секогаш останува нивното име во тајна, ама истовремено ако сакаат и да биде обелоденето се делува спрема Државниот инспекторат за труд. Се бара таа постапка да се спроведе и на работниците да им се почитува правото од работен однос или злоупотребата на прекувремена работа“, објаснува Трендафилов.

Меѓу најзагрозените се градежните работници. Од синдикатот посочуваат дека најголем дел од поплаките се токму од оваа гранка. Особено во летниот период, кога има зголемениот обем на работа и забрзани рокови на градба, а работното време се продолжува и по неколку часа.

Државниот инспекторат за труд врши редовни контроли

Mazedonien Land und Leute

Работниците во Македонија стравуваат од одкази, доколку побараат доплата на прекувремената работа

Според информацијата од Државниот инспекторат за труд, во текот на 2011-та година од работниците во Македонија биле поднесени 112 писмени пријави до газдите за прекувремената работа. Воедно согласно Законот за работни односи, инспекторите при редовни контроли донеле 372 решенија, а со што им било наредено на работодавците да ја исплатат прекувремената работа, а биле поднесени и 64 пријави за воведување на прекршочна постапка по овој основ. Во првите четири месеци од годинава до Државниот инспекторат за труд биле доставени 43 писмени барања за прекувремена работа, а инспекторите кај 122 работодавци утврдиле неправилности за прекувремената работа и донеле исто толку решенија против нив.

Од синдикатот, пак, сметаат дека инспекторите недоволно го покриваат теренот и не секаде ги казнуваат работодавците кои го прекршуваат законот. Тие велат дека добар дел од предметите заглавуваат и во судските лавиринти, а газдите прекршители на законот, остануваат неказнети.