1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонските општини бараат пари од владата

Општините во Македонија тонат во се‘ подлабока финансиска криза годинава. Тие бараат повеќе пари од данокот на додадена вредност и од персоналниот данок, заради извршување на своите надлежности.

default

Mazedonien

Според анализата на нивната асоцијација, уште во мај 2012-та, од 85 анкетирани општини 47 одговориле оти се зафатени од криза. Само две локални самоуправи не трпат негативни влијанија од таа причина. Голем број од општините се изјасниле дека презеле мерки за зголемување на сопствените приходи преку иновативни мерки, но и за штедења: замрзнувања на вработувањата во општинската администрација, или нивно сведување на минимум, намалување на материјалните трошоци во работењето. Се одлага реализацијата на комунални инфраструктурни и други проекти и се намалува степенот на капиталните инвестиции.

„Најмногу недостигаат пари во образованието“

Душица Перишиќ, извршна директорка во Заедницата на општини на Македонија, вели: „Анализата реално покажува каде и како се намалуваат финансиските капацитети на општините, во кои буџетски линии се чувствува кризата. Општините се жалат најмногу на средствата кои недостасуваат во образованието, на што укажуваат општините во нашите секојдневни контакти. Оваа анализа ќе ни служи повеќе како инструмент за преговорите со централните власти околу финансирањето на единиците на локалните самоуправи. ЗЕЛС бара најмалку 6 проценти од данокот на додадена вредност и 30 проценти од персоналниот данок“.

Mazedonien Klassenzimmer

Училипиштата најмногу „страдаат“ поради немање пари

Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп, напоменува: „Економската ситуација во Македонија и во светот влијае и врз општините, па и врз  Прилеп. Пред неколку дена направивме ребаланс на општинскиот буџет, за да може да се реализира во интерес на граѓаните. Одредени категории во него редуциравме, а планираните трошоци ги намаливме за 20 проценти“.

Илија Тодоровски, експерт за локална самоуправа од државниот Правен факултет во Кичево, коментира:

„Државата задржува многу повеќе пари за своите задачи, отколку што дава на локалните самоуправи. Состојбата во земјата е изразито незадоволителна. Општините, па ниту најбогатите меѓу нив, не можат да ги покријат сите свои задачи со парите кои го добиваат според сите основи: од државата, од сопствени извори ....“

Невзат Бејта, министерот за локална самоуправа, најавува за ДВ дека набргу ќе биде одржана средба со министерот за финансии Зоран Ставрески и други ресорни владини функционери, особено и околу очекувањата на општините блок – дотациите да им се исплаќаат поредовно одошто сега:

„Ова прашање го имам отворено во Владата и со Ставрески треба да ја согледаме реалната состојба, во која се наоѓаат општините. Тој вели дека ги исплатува блок – дотациите“.

Општините во изминативе неколку месеци доставија барања до Министерството за образование за зголемување на блок – дотациите за оваа дејност, или за промена на методологијата за финансирање. Тетово, Гостивар, Велес и Јегуновце побараа да се надоместуваат реалните трошоци за локалното образование, пресметувани според нов критериум – бројот на ученици. Јегуновце предлага дотациите за образованието да се зголемат за 30 отсто.

„Издвојувања за македонските општини според ЕУ - терк“

Професорот Тодоровски вели: „Средствата што ги доделува државата за општините треба да се зголемат и тоа од квалитетните извори. Данокот на промет, или од подарок и наследство, не се квалитетни финансиски извори. Треба да се зголеми локалниот удел во данокот на додадена вредност, во персоналниот данок, како и во некои акцизни даноци. Ова би ја подобрило финансиската состојба, но не би ја оптимализирало“.

Mazedonien - Minister für Kommunale Selbstverwaltung Nevzat Bejta

Невзат Бејта, министер за локална самоуправа

Министерот Бејта е експлицитен:

„До крајот на 2013 – та година општинскиот удел во данокот на додадена вредност треба да биде 4,5 проценти. Барањето на ЗЕЛС е тоа да стаса до 6 проценти. Јас го поддржувам ова. Во државите на ЕУ тоа издвојување од ДДВ изнесува околу 9 проценти. Во поглед на издвојувањата од персоналниот данок разговаравме со градоначалниците и со Претседателството на ЗЕЛС да направиме во РМ да биде како и во земјите на ЕУ: барем 30 проценти во корист на општините“.

Градоначалникот на Прилеп Ристески  посочува дека  буџетот на оваа општина, „тежок“ 5 милиони евра годишно, се полни се‘ повеќе од новиот финансиски извор – управувањето и продажбата на градежно неизградено земјиште, во функција на изградба на нови стопански и други објекти, како шанса за подобрување на локалните финансии:

„Општинскиот буџет за 2012-та година, како и на програмите планирани со него, ги реализираме со повеќе од 85 отсто, што го постигнуваме на разни начини: покрај другото, многу голема помош за Прилеп, па и за другите општини, ќе биде продажбата на земјиштето“.

Општините на разни начини се борат со беспарицата. Селските општини и натаму спасот го очекуваат, главно, од Владата.