1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Македонските новинари бојкотираа прес-конференција на владата

*

Изразувајќи револт поради вчерашниот напад врз снимателот на телевизијата Алсат од страна на полицијата , македонските новинари , сниматели и фоторепортери денеска ја бојкотираа пресконференцијата на Владата . Тие ја напуштија салата веднаш откако премиерот Никола Груевски се обиде да соопшти дека според извештај на Светска Банка Македонија е на четврто место според спроведените реформи во 2007-ма година . Портпаролот на владата Ивица Боцевски потоа најави дека ќе бидат расчистени сите детали поврзани со немилиот настан .