1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонските муслимани го празнуваат Рамазан Бајрам

Еден од најголемите празници во Исламскиот свет Рамазан Бајрам во Македонија е државен празник. Денешниот (21.09.2009) е неработен ден, за верниците да имаат време за гости, за празнување по едномесечниот пост.

default

По утринските молитви во џамиите верниците во своите семејства со пријателите го слават алах.

“Рамазан не е месец само за пост со храна, тоа е месец кога сочуствуваме со сиромашните, кога треба да почуствуваме недостиг на нешто, да си ги смениме животите на подобро“, ја објаснува големината на рамазанскиот Бајрам, еден млад верник од скопското село Љубош.

Хаџи Јакуб Селимовски, кој пред распадот на СФРЈ беше поглавар на Исламската верска заедница на тогашната држава, вели дека муслиманите во Македонија се големи верници.

“Муслиманите во Македонија од сите балкански муслимани се едни од најдоследните почитувачи на исламските вредности, но во значаен дел и големи практикувачи на верата“.

Бајрам е голем и значаен ден за верниците бидејќи следува по едномесечниот пост, објаснува Селимовски.

Mazedonien - Land und Leute

Нов тренд-политичарите в црква и во џамија

Пред неколку години Македонија прогласи повеќе верски празници за државни. Новиот тренд што го практикуваат политичарите е да одат во црква или во џамија во зависност од празникот што се одбележува. Бајрамска честитка до верниците упати премиерот Никола Груевски по посетата на џамијата во Радовиш:

“Дозволете ми во оваа пригода на сите граѓани на Македонија од муслиманска вероисповед да им го честитам големиот верски празник Бајрам, и да им посакам на сите многу здравје успех и напредок и на сите нас во државата мир и просперитет“.

Со желба за хуманост, толеранција и вистински вредности, празникот на верниците им го честита поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Сулејман Реџепи.

“Среќата и радоста за човечката душа стасуваат од алах. Тој го исправа патот на загубените, ги теши тие што чуствуваат болка, им дава силна на слабите и ги лекува болните“.

Според проценките, околу 30 проценти од вкупното население во Македонија и‘ припаѓа на муслиманската вероисповед.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска