1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Македонските металци се будат од зимски сон

Македонските металски компании се будат од зимскиот сон, тешката индустрија излегува од бизнис-летаргијата во која ја турна светската економска криза. Фабриките ги палат печките, ги враќаат отпуштените работници.

default

Светските цени на металот ги враќаат во форма најголемите македонски извозници. Директорот на фабриката за феролегури од Јегуновце Киро Ањушев за Дојче Веле објаснува.

„ Во фабриката во Јегуновце има 9 печки, сега работат две кои всушност се 50 проценти од вкупниот капацитет. На работа се повикани околу 250 работници“.

Постепено враќање на работниците

Растот на цените на металите е значителен во последниот период. Минатата година цените се движеа меѓу 800 и 900 евра, сега стасуваат до 1450 евра за тон 75 процентен феросилициум. Отпимизмот се враќа и во Макстил, единствениот извозник на челик од Македонија. Директорот на компанијата, Александар Панов за Дојче Веле не го крие задоволството од растот на цените.

„ Досега од пред година и половина ние практично работевме со загуба. Имавме драстичен пад на цените на финалниот производ а виза ви тоа не паѓаа со таа брзина цените на ресурсите, електрична енергија репроматеријали. Отпуштивме 150 - 160 сега постепено ќе ги враќаме на работа, очекуваме првата група да биде повикана на работа на први јуни“.

Mazedonien Land und Leute Industrie Feni Nickelhersteller

Фабриката Фени

Менаџерите во фабриките од тешката индустрија прогнозираат дека опоравувањето ќе оди бавно. Ањушев вели:

„Цените нема да се вратат на нивото на кое беа пред кризата кога галопирачки растеа. Не очекувам ниту да паднат на нивото од екот на најголемата криза“.

Раст на производството на челик

Освен Макстил и поранешен Силмак кој во меѓувреме доби нови сопственици и ново име и сега се вика Метал Иневст ЕФТ поголеми производители на метали во Македонија се уште фабриките Фени и Скопски легури.

Во тешката металургија во Македонија, како и во другите сектори за производство на метали работат околу 20 илјади работници. Директно во Брутодомашниот производ оваа индустрија учествува со 4 проценти, индиректно или со компаниите што го купуваат или доработуваат производот, како и со останатите придружни сектори со 12 проценти.

Според последните податоци на Државниот Завод за статистика, во март годинава индустриското поризводство е пониско за 11, 2 проценти на месечно и за 9, 4 проценти на квартално ниво. Во анализата за тримесечните движења во секторот производство на основни метали каде што спаѓа и челикот има раст од 48 проценти, во секторот вадење руда и камен растот е 15 проценти.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска