1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонските кошаркарки со максимален број победи

Македонската женска кошаркарска репрезентција ја забележа и третата победа во третиот натпревар од групната фаза на Европското првенство за мали земји кое се одржува во Охрид.

Со ова македонската кошаркарска женска репрезентација го потврди првото место во групата „Б“, а воедно и пласманот во полуфиналето.

Убедливо со 106:48 Македонија синоќа во „Билјанини Извори“ во Охрид го победи Велс. По четвртини: 31:10; 38:20; 17:14 и 20:4.

Шест кошаркарки во репрезентацијата на Македонија имаа двоцифрен број на поени, а најефикасни беа Елена Раденковиќ со 19 и Едина Муса со 18 реализирани поени.

Во другиот натпревар од 3.коло во оваа група Австрија го победи Гибралтар со 80:29.

Од групата „А“ во полуфиналето се пласираа Малта и Шкотска.

Во 3. коло од оваа група постигнати се следниве резултати: Малта - Азербејџан 80:70 и Шкотска - Молдавија 81:19..

Денеска (13.07) е слободен ден на првенството, а утре на програмата се полуфиналните натпревари во кои Малта ќе игра против Австрија, а Македонија за противник ќе ја има Шкотска.