1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонските кошаркарки против Германија за второ место во групата

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва во Рамла, Израел го игра натпреварот од третото коло од претквалификациите за Европското првенство 2015 година. Противник е селекцијата на Германија.

И двете репрезентации имаат по една победа (Португалија) и еден пораз (Израел), што значи директен дуел за второто место во групата. Почетокот на натпреварот е во 19 часот и 45 минути.

Македонија синоќа беше поразена од домаќинот на групата Д – Израел, со 72:56 и освен во првата четвртина, која нашите кошаркарки ја добија со 19:14, другите им припаднаа на Израелките. Најефикасна во нашата селекција беше Американката со македонски пасош Криси Гивенс, која имаше 25 поени и 11 скокови.

Првото место и пласманот во следната фаза веќе го избори Израел со двете победи, без разлика на исходот од денешниот дуел со Португалија. Другите три репрезентации следната година повторно ќе играат во нов циклус квалификации.