1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонските компании се „оф лајн“

Само мал број компании во Македонија имаат функционална интернет страница. Менаџерите сајтот го сметаат за дополнителен трошок, а не за средство за подобра комуникација. За интернет стручњаците тоа е неразбирливо.

default

40 отсто од македонските компании воопшто не се присутни на интернет

„Во изработка“. Ваков натпис со месеци, некогаш дури со години стои на интернет страниците на голем број македoнски компании. Нема конкретен податок колку компании имаат функционална интернет страница, што редовно се ажурира но кусото новинарско истражување покажува, дека нивниот број е прилично мал. Интернет експанзијата што и се случи на Македонија не е следена со исто темпо во делот на отворање на сајтови од страна на фирмите.

Компаниите во Македонија не водат сметка за предностите и можностите што ги дава интернетот, вели интернет консултантот Дарко Булдиоски.

„Неодамна правевме истражување за потребите на една конференција. Во него го анализиравме присуството на интернет на топ сто компании во Македонија, резултатите беа разочарувачки. Најголем број од нив немаат современо присуство на интернет, а дури 40 проценти немаа никакво официјално присуство на интернет“.

Бројката расте од година во година, со сепак малку компании имаат модерна интернет страница. За интернет стручњаците е незамисливо компанија што претендира да биде успешна да нема сопствена интернет страница.

Теди Цоневски од МАСИТ за Дојче веле објаснува: „Не тоа е јасно, не само за голема туку и секоја најмала компанија мора да има сајт, бидејќи таму се основните информации за таа компанија, со што се занимава, што очекува на која клиентела се обраќа“.

Symbolbild Technik Internetradio Radio und Internet

Малку компании во Македонија имаат модерна интернет страница

Неискористена можност

Македонските компании недоволно ги ползуваат предностите што ги нуди интернетот. Сајтот е шанса плус за контакт со компанијата за придобивање на нов клиент и за претставување на компанијата во целост. Најчесто сајтот нуди општи информации за компанијата, ретко ажурирани, најчесто непроменети од креирањето на страницата. Во најголем број случаи интернет страницата според менаџерите е дополнителен трошок за компанијата. Аргументот според интернет стручњаците не држи, потребни се малку време и ресурси за да се подобри компаниското присуство „он лајн“.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска