1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонските иселеници на Бизнис форум во Скопје

Македонски иселеници од 14 европски и прекуокеански земји, денеска во Скопје ги слушаа претставниците на Владата на тема - како може да се инвестира во Македонија и што се прави за создавање поволна бизнис клима.

default

Премиерот Груевски на форумот во Скопје

Со народни носии, македонски сувенири и ракотворби беа пречекани македонските иселеници на Бизнис форумот во Скопје. Министерството за економија организираше собир во време кога многумина се на одмор во своите родни краишта. Пред да си заминат да се запознаат со можностите за бизнис во Македонија. Целта на форумот, е македонските иселеници да се вратат во татковината, таква желба откако им ја претстави бизнис климата им посака премиерот на Македонија Никола Груевски.

Климент Китаносвки пред повеќе од 20 години заминал во Германија, работел во туризмот, сега конечно отворил своја агенција. По толку време емотивните врски со родниот крај сеуште се живи. Но животот во Германија е поорганизиаран. На Македонија ќе и треба уште многу време за да го достигне тоа ниво, смета Китановски кој планира да носи германски туристи во Охрид.

На форумот беа претставени повеќе успшени примери, печалбари кои откако заработиле се вратиле и сега имаат успешен бизнис во Македонија. Шефот на македонската влада им вети на иселениците натамошни реформи кои ќе ја направат Македонија привлечна дестинација за бизнис и пристојно место за живеење.

Македонија има бројна економска емиграција во светот чија бројка не е дефинирана, но се претпоставува дека се движи до 200 илјади во западна Европа, а можеби стасува и до половина милион со прекуокеанските земји. Македонската економија во голем дел е зависна од парите кои ги испраќаат иселениците. Според некои статистики годишниот девизен прилив од печалбарите се движи меѓу 800 милиони и милијарда доллари годишно.