1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонските извозници бараат нови пазари

Новата мерка на Народната банка за намалување на основицата за задолжителната резерва за дел од кредитите за македонските извозници може да значи „ветар во едра“, но проблем е како да се поттикне поголема побарувачка.

default

Поволни кредити, но и нови пазари им се потребни на македонските извозни компании. Во услови на глобална криза, бизнис заедницата бара алтернативни региони за пласман на производството. Фокусот полека се насочува кон азиските, но и дел од африканските земји како поконкурентни пазари од европскиот и оној во САД. Во услови на намалена побарувачка, бизнисмените ја поздравуваат последната мерка на Народната банка на Македонија за намалување на основицата за задолжителната резерва за дел од кредитите.

„Олеснетиот пристап до финансиски средства, односно поволните кредити се еден од условите за поттикнување на производството, односно извозот. Но сепак проблемот е покомплексен бидејќи без побарувачка како основен предуслов за тоа да се реализира и самите кредити немаат цел. Затоа според она што го истакнуваат бизнисмените во рамки на Стопанската комора е дека без обезбедување на пазар и без зголемување на побарувачката на странските и домашните пазари, намалувањето на каматите не може да биде и единствениот фактор. Секако тука се и другите елементи, пред се’ фактот дека компаниите мора да имаат и обучен кадар, да се работи на модернизација и на иновирање на производствените процеси и секако други елементи кои ќе обезбедат полиберализиран пазар, поконкурентни производи на македонскиот пазар“,  изјави Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија.

Mazedonien Land und Leute

Одлуката на Монетарната власт со која се намали основицата за задолжителната резерва треба да ги поевтини доделените, но и нови кредити за фирмите нето извозници, како и проекти за производство на електрична енергија. Одлуката треба да предизвика и други позитивни ефекти, смета вицегувернерот на Народната банка Маја Кадиевска Војновиќ: „Воедно со мерката, исто така одреден дел од основата за пресметка на задолжителната резерва ќе се ослободи доколку банките вложуваат во корпоративни обврзници издадени од овие два сектора.

Silmak Jegunovce

И уште една новина, која што ја воведовме како промена на системот за задолжителна резерва, а тоа е нула стапка на задолжителна резерва за обврските на банките врз основа на издадени исто така корпоративни обврзници во домашна валута со рок од најмалку две години“. 

Според последните податоци, трговскиот дефицит на Македонија годинава заклучно со октомври изнесува две милијарди американски долари. Стоковата рзмена во овој период изнесува 8,6 милијарди долари од кои доминантен е увозот во износ од 5,3 милијарди. Македонија најмногу извезува фероникел, производи од железо и челик и облека, а во увозот најмногу се застапени нафтените деривати и електричната енергија. Освен поволниот извор на финансии, експертите предупредуваат дека на македонското производство му треба  и дополнителна поддршка за зголемување на конкурентноста.