1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Македонските жени - на удар на кризата

Како што капиталот не познава граници, така светската криза не бира националност, вера, ниту пол. Но и во 21 век, некои професии се повеќе женски, а во Македонија токму тие сектори се најпогодени од светската криза.

default

Текстична фабрика во Штип

Во текстилната индустрија, каде основна работна сила се шивачките, прво и најдиректно се почуствуваа последиците од кризата. Николина Котевска остана без работата во една фабрика за конфекција.

“Останувам без работа, моето семејство егзистира само од моите примања“.

Намалување на бројот на вработените

Една година од почетокот на кризата, кога светот зборува за опоравување, оптимизмот се чуствува и во Македонија. Котевска, но и неколкуте стотици отпуштени

Mazedonien Land und Leute Fabrik Nähbetrieb in Bitola

Шивачки во битолска фабрика

конфекционерки, се веќе вратени или се надеваат на скорешно враќање на работа. Сојузот на синдикатите на Македонија го регистрираше секој отказ, но нема точна бројка на отпуштени работници, ниту пак води евиденција во однос на полот. Милан Миновски од ССМ објаснува:

“Во главните сектори во индустријата бројот на работници се намалува. Во првиот квартал годинава во однос на последниот лани во преработувачката индустрија, снабдувањето со електрична енергија, гас и вода и во градежништвото, бројот на вработени е намален за 17 435 работници, што e навистина голем број и тоа во гранки кои треба да ја влечат економијата напред“.

Кризата како шанса

Но текстилните работнички во Македонија не се единствените кои беа жртва на последиците од економската криза. Погодени се и жените –претприемачки, кои мораа да ги одложат своите проекти и да ги менуваат бизнис-плановите, гледајќи дека светот тоне во рецесија. Стојмирка Тасевска од Стопанската комора на Македонија вели дека жените ја искористиле кризата за да се образуваат да вложуваат во себе.

“Од аспект на професиите, во последниве години тенденцијата е следнава. Од вкупниот број на студенти, кои завршуваат студии, поголем процент се жени, од вкупниот број магистри повеќе се жени, ова покажува дека жената во транзицискиот период чекори напред“.

Помалку пари за разубавување

Сепак, дека кризата сериозно ги погодува жените во Македонија, потврдуваат во секој бутик, салон, продавница. Во изминативе месеци е намален шопингот, жените помалку трошат пари за гардероба, за разубавување. Васка Леонтич не крие дека кризата се чуствува во нејзиниот салон.

Kosmetikprodukte zum Thema Schminken

Рестрикција на буџетот за козметика

“Порано никој немаше забелешки на цените. Годинава се дискутира, се коментира, не дека нема третмани но се почуствува намалување во однос на претходните години“, вели сопственичката на Студио Леонтич.

Македонската влада во неколку наврати воведуваше антикризни мерки, бизнисмените бараат нов пакет. Се предвидува ребаланс на буџетот, што треба да ги скуси непридуктивните трошоци и да ги прилагоди проекциите на реалните можности на економијата соочена со рецесија.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM