1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонските граѓани се слабо вклучени во одлучувањето на локалната власт

Годинава се одбележуваат 25 години од стапувањето во сила на Европската повелба за локална самоуправа, документ кој е многу важен за Советот на Европа и кој силно се одрази и врз локалната демократија во Македонија.

„Со членството во Советот на Европа, Македонија ја потпиша и ратификува Повелбата, со што таа стана дел од нејзиниот Устав и основните законски текстови. Таа беше пренесена, но не беше целосно спроведена. Од пред десет-петнаесет години има подобрувања кои се прават. Ние посакуваме тие подобрувања да продолжат, бидејќи Повелбата, како што реков, се‘ уште не е целосно спроведена“, вели за ДВ Жан-Клод Фрекон, претседателот на Советот на Локалните власти при Конгресот за локалните и регионалните власти на Европа (КЛРВЕ).

Жан-Клод Фрекон беше всушност првиот известувач во мониторингот на локалната демократија во Македонија при КЛРВЕ, откако Македонија ја потпиша и ратификува Повелбата.

Потребно е законите да се спроведат на дело

Фрекон нагласува дека е добро што во Рамковниот договор, кој е другиот значаен текст за Македонија, има дел кој се однесува на децентрализацијата и функционирањето на локалната самоуправа, што претставува напредок во спроведувањето на Повелбата за локална самоуправа од страна на Македонија.

„Добро е што тие текстови постојат. Но, како што реков, потребно е претходно тоа да се спроведе на теренот, во секоја општина, односно тие да бидат спроведени и од општините, но и од централната власт. Централната власт треба да разбере дека ако локалните заедници имаат поголема автономија, потребно е централната власт и да ги даде тие средства, посебно во делот на финансискиот сектор“, вели тој.

Zensus in Mazedonien

Според КЛРВЕ, општините во Македонија зависат многу од државните дотации, односно финансиската прераспределба на даноците од централно на локално ниво, но и големите разлики меѓу урбаните и руралните општини, што се одразува на нивниот развој. Ова, според Стразбур, е можно со појаснување на надлежностите на општините, со усвојување на јасно законодавство со прецизни линии за прераспределбата на даночните приходи, односно финансирањето на надлежностите на општините. Во таа насока е и препораката за зголемување на локалните даноци, кои ќе им овозможат на општините да имаат сопствени извори на приходи во локалните буџети. Се препорачува и пренесување на сопственоста на државното земјиште на локалните власти со цел да се зголемат напорите за локална автономија и развој.

КЛРВЕ има забелешки на изложеноста на општините на контрола од централната власт, како државните инспекции, што создва ризик од прекумерна контрола, која ја надминува законската рамка. Се советува и појаснување на функцијата градоначалник, бидејќи во законот не е предвидена никаква мерка во случај ако градоначакникот е спречен да ја извршува фукнкцијата или ако не ги почитува своите обврски.

Да се направат чекори напред

Меѓу другото, Конгресот на локалните и регионалните власти смета дека е потребно појаснување на надлежностите на градот Скопје, како престолнина и како локалната власт со своите десет општини. Конгресот оценува дека граѓаните се многу слабо вклучени во одлучувањето на локалните власти, а посебно е мало и присуството на жените во локалниот политички живот.

Mazedonien Land und Leute ZELS Haus in Skopje

Седиштето на ЗЕЛС

КЛРВЕ бара од Македонија да ги засили надлежностите на Министерството за локална самоуправа, како еден од главните актери на процесот на децентрализацијата. Од земјата се бара да го потпише и ратификува и Дополнителниот протокол на Европската повелба за локална автономија, кој се однесува на правата за учество во работата на локалните заедници, исто како и Конвенцијата за учество на странците во јавниот живот на локално ниво.

„Ние не можеме да кажеме дека повелбата е целосно спроведена, но треба да знаете дека тоа не е случајот само со Македонија. Во сите земји од Европа може да се постигне напредок, но вистина е дека Македонија, таа не е е единствена, треба да направи значаен напредок по ова прашање“, заклучува Жан-Клод Фрекон, претседателот на Советот на Локалните власти при КЛРВЕ.