1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонските граѓани очекуваат подобар стандард!

Владината коалиција денеска на пладне ќе потпише манифест со кој мандатарот Никола Груевски ќе бара од партнерите почитување на економските приоритети - како обезбедување услови за зголемени странски инвестиии но и соцјална сигурнсот. Какви се очекувањата на граѓаните?

Скопје

Скопје

„Никола Груевски прво треба да ја обезбеди државата Македонија. Да внесе некој од Македонците на работа и да обезбеди земјоделство. Неможе тука два денра или денар да продаваме кило бостан, да ги стопираме колите и да е молиме да земат една лубеница“ – овој млад земјоделц од Стурмица до полноќ ги продава своите лубеници под отворено небо. Својот камион го паркирал на дивиот зелен пазар во центарот на Скопје. Триесетина камиони, уморени лица што ги дочекуваат муштериите. Не им е до зборување имаат уште малку надеж. „Нашиот народ не смее така да биде излажан и понижуван со години.“ „Тоа не е христијански, не личи ниту на христијанска земја – чесни да живееме да работиме.“ „ „Добар квалитет имаме, но нема каде да ги носиме производите. Бостанот чини два – три денара клио. Повеќе не’ чинат трошоците отколку што заработуваме.“

На само 50 метри од овој импровизиран маркет на зеленчук и овошје е големиот и модерен „Рамстор“ – единствениот реален странски, турски инвестиционен објект од владеењето на гарнитурата што заминува социјал – демокартскиот тандем Црвенковски – Бучковски. Во овој шопинг центар повеќе млади

„Најверојатно приоритет за власта се сите невработени луѓе кои треба да најдат вработување и некоја социјална програма која ќе ги прилагоди можностите на младите луѓе да стигнат до побезбедна егзистенција за живот и да имаат подобри услови од типот на пронаоѓање сигурно работно место, домување стан.“ „Очекувам дека ќе се подобри стандардот на живеење.“

Над 80 насто од анкетираните сметаат дека економијата треба да биде приоритет за идната влада, покажа неодамнешната сондажа на Институтот за демократија направена пред речиси три недели.

„Посакувам трпение, да се почека господинот Груевски и неговата екипа да направат повеќе за земјоделците и за другите луѓе, бидејќи нашиот народ дојде до точката на очај и му е потеребно големо внимание бидејќи тоа го заслужува.“

Непосредно пред изборите една друга анкета со интересен заеднички именител 73 насто од Македонците и дури 77 насто од Албанците бараат борбата против криминалот и корупцијата да бидат приоритет. Ги рангираат на второ место од приоритетите за идната влада.