1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонските градежници во странство во пад

Македонските градежници на странските пазари во првото полугодие од годината бележат драстичен пад во извршените градежни активности и во склучените договори за идни работи.

Вкупната вредност на извршените градежни работи во странство во периодот од јануари до јуни годинава изнесува 152 милиони денари, или 24,7 милиони евра, што е за 85,2 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави во четвртокот Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од Македонија во странство договорила градежни работи во вкупна вредност од околу 276 милиони денари, или 44,8 милиони евра, што е за 83,6 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Зголемен обем на извршените градежни работи на македонските градежници забележан е во Холандија и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нов пазар се јавува Италија.