1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонските војници се неповредени во нападот во Кабул

Во непосредна близина на главната база на НАТО силите во Кабул беше извршен напад од бомбаш самоубиец. Сите припадници на македонскиот контингент во ИСАФ се добри и сигурни, соопшти Министерството за одбрана во Скопје.

По настанот, како што се наведува во соопштението, преземени се сите тактички мерки за што се добиени пофалби од страна на командантот на базата за правилната и навремена реакција.

Afghanistan Mazedonische Soldaten ISAF

Македонски војници во рамките на ИСАФ мисијата во Авганистан (архива)

Министерот за одбрана Фатмир Бесими и началникот на Генералштабот на АРМ генерал мајор Горанчо Котески на припадниците на македонскиот контингент им го честитаа празникот - Денот на независноста. Зголемените мерки на безбедност во базата остануваат на сила и доколку постои можност нашите припадници ќе го одбележат и прослават денешниот празник, стои во соопштението.

Во нападот на бомбашот самоубиец беа убиени шест цивили, а четири други беа повредени. Нападот се случи во дипломатскиот кварт на Кабул. Полицијата соопшти дека „бомбашот се разнел во близина на италијанската амбасада и на само 200 метри од седиштето на НАТО“. Бомбашот самоубиец имал 14 години.

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот и рекоа дека цел на нападот бил разузнавач од САД. Во СМС порака портпаролот на талибанците Забихулах Муџахид запиша: „Муџахединот се разнесе пред канцеларијата на ЦИА во Кабул, убивајќи петмина американски шпиони“. Тој ги негираше информациите на полицијата дека напаѓачот бил тинејџер, тврдејќи дека бомбашот имал 28 години.

Од ИСАФ мисијата предводена од НАТО информираа дека меѓу трупите нема повредени војници.