1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонските ватерполисти на ЕП

Деновиве се слави новото значајно спортско остварување. Ватерполо репрезентацијата на Македонија ќе биде учесник и на наредното Европско првенство, во јануари 2012-та во Холандија.

default

Стефан Пулејкоски

Македонските ватерполисти имаа блескав настап во реванш-баражот во Скопје совладувајќи ја Франција со 12:4. Македонија, Македонија ... одекнуваше во Олимпискиот базен, славејќи го новото отворање на вратата на високото ватерполо-друштво.

Првиот човек на македонското ватерполо, Стефан Пулејкоски не го крие задоволството од постигнатото.

„Радосен сум и среќен! Одржуваме континуитет во постигањата, а тоа е резултат на доброто работење. Чекорите што ги превземаме и плановите, кои што ги спроведуваме се вистинските. Ние сме присутни на последните 3 европски првенства, на едно светско првенство, а цел е да се пласираме и на Олимпијада.“

Бараж- мечевите се обично исклучително тешки во секој спорт. Откако во Париз беше поразена со два разлика, македонската селекција во Скопје во целост ги надигра „триколорите“.

„Во Париз, морам да признаам имавме блед настап. Ми се чини дека стратегијата на нашиот тренер беше повеќе одбранбена, но ова што го одигравме во Скопје е вистинската слика. Објективно, квалитетот на македонската селекција е за толку подобар од францускиот.“

Најквалитетен состав досега

Mazedonien Wasserball Nationalteam

Ова е трета македонска селекција, која ќе е дел од Европското првенство. Пулејкоски смета дека е неблагодарно да се прават споредби со претходните, но сепак го истакнува квалитетот на оваа генерација, која ветува нов исчекор на меѓународната сцена.

„Мислам дека овој состав е најдобриот, што досега сме го имале, од аспект на квалитет и потенцијал на играчите поединечно. Бидејќи, ова е тимски спорт, се обидуваме да постигнеме поголема кохерентност меѓу играчите, тие подобро да се запознаат и да создадеме што е можно подобра атмосфера во тимот. Сметам дека тука треба да ја бараме тајната на успехот“, вели Пулејкоски.

Олимпијадата во Лондон е во мислите

Може ли Македонија по стапките на кошаркарите? Првиот приоритет е што подобар пласман на јануарскиот Еуропео во холандскиот Ајндховен, но во игра влегува и визата за пат на Олимпијадата во Лондон. За Пулејкоски ова е исклучителен момент, во кој треба да се инвестира.

Stefan Pulejkovski

Олимпијадата во Лондон следна цел, вели Пулејкоски

„Патот за место на Олимпијадата води само преку Европското првенство. Само екипите кои ќе се пласираат до 8-то место, евентуално до 9-то, ќе имаат право да учествуваат на квалификациониот турнир во Едмонтон во Канада! Таму, првите две екипи, а можеби и третата ќе заминат на Игрите во Лондон.“

Македонската репрезентација и натаму се темели на ватерполисти, натурализирани Македонци! Селекторите, исто така! Но, овој спорт секојдневно добива нови приврзаници, базата се проширува. Работнички станува клуб со се’ поголемо реноме во регионот. Од неодамна во рамките на спортскиот центар „Борис Трајковски“ е формирана и новата ватерполо-школа. Стефан Пулејкоски верува во перспективата на македонското ватерполо.

Автор: Златко Калински

Редактор: Борис Георгиевски