1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонските банки и Базел 3-стандардите

Банките мораат да станат поотпорни на финансиските потреси во иднина. Базел 3-стандардите треба да го зајакнат имунитетот на банките. Какви ќе бидат ефектите од новата регулатива врз банкарскиот сектор во Македонија?

default

Банките мора да го зголемат својот капитал

Додека финансиските пазари постепено закрепнуваат од глобалната криза, светот се обидува со воведување нови мерки да ги заштити банките од слични потреси во иднина. Пред два месеца се усвоени Базел 3-стандардите кои треба да ги зајакнат финансиските институции и имунитетот на банкарскиот систем. Станува збор главно за мерки кои се однесуваат на зголемување на капиталот и ликвидноста на банките. Какви ќе бидат ефектите од новите мерки врз македонските банки?

Владимир Ефтимовски од „Шпаркасе Македонија“ за Дојче Веле објаснува:

„Банките се добро капитализирани и може да се очекува дека 50 проценти од банките во Македонија успешно ќе ја имплементираат оваа регулатива, 30 проценти ќе имаат потреба од зголемување на капиталот, додека само 15 проценти од вкупниот број банки ќе имаат проблем во усогласувањето. Наједноставен начин да се усогласат е да го зголемат капиталот преку докапитализација, или може да се очекува овие банки да бидат цел на окрупнување поради мобилизација на капиталот.“

Поголеми проблеми не очекува ниту директорот на една од најголемите банки во Македонија. Глигор Бишев, прв

Bankschalter Euros und Dollar

Банките во Македонија успешно ја пребродија кризата

човек на „Стопанска банка АД Скопје“ за Дојче Веле изјави:

„Не би требало да претставува проблем. Тоа ќе претставува трошок за банките, што значи дека ќе се намали профитабилноста.“

Среќа што рокот за прилагодување е долг

Со прописите усвоени во септември од страна на глобалните регулаторни органи, од банките се бара односот на капиталот и нивниот вкупен имот да изнесува седум отсто, но долгиот рок за почеток на примената на тие прописи ги смири стравувањата дека кредиторите ќе мора да побрзаат да го соберат капиталот. Рокот за примена на прописите е продолжен се‘ до јануари 2019 година. Тоа е од извонредно значење за банките во Македонија, вели аналитичарот Сем Вакнин, бидејќи сега според него, ниту една банка не е подготвена за иплементација на новите правила.

„Не се воопшто. За среќа, Базел 3 ќе се иплементира во наредните девет години. Тоа значи дека банките во земјите потписнички на Базел 3, меѓу кои е и Македонија, ќе имаат девет години да ги имплементираат мерките. Сега капиталната адекватност на банките во Македонија во просек изнесува 6 до 7 проценти, што значи дека ќе мораат да го зголемат за 4-5 проценти својот капитал“.

Банките во Македонија успешно ја пребродија кризата. Ниту една не се соочи со неликвидност, ниту со поголеми шокови. За клучна слабост на банкарскиот сектор во Македонија се смета големиот број банки, а препораките се однесуваат на окрупнување на банкарскиот капитал.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска