1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонските активисти стигнаа живи и здрави

Авионот од Истанбул со кој во Скопје се вратија тројцата активисти го чекаше група од стотина граѓани со развиорени палeстински, албански и македонски знамиња. Рекоа дека се собрале да ги пречекаат нивните херои.

default

Пораките за слободна Газа не прекинуваат

Одборот за дочек ја искористи оваа пригода од Македонија да испрати порака дека светот конечно треба да се солидаризира со палстинските страдања.

“Сите видовме што се случи, нападнаа хуманитарци, невидено. Цел свет и ние овде во Македонија го осудуваме нападот“, велат луѓето кои ги чекаа тројцата активисти.

Тројцата македонски граѓани, кои беа на турскиот брод што го нападнаа изреалските командоси, се Јасмин Реџепи, Сали Емин и Сеад Асипи. Рекоа дека се среќни што се вратиле дома живи и здрави, но сметаат дека нивната мисија не е завршена. Сали Емин по излегувањето од авионот кажа дека патувањето во Палестина бил најрадосниот момент во неговиот живот.

“Цел живот следам што се случува во Палестина и сега конечно ми се пружи шанса да отидам да помогнам.“

Israelischer Angriff auf Hilfskonvoi für Gaza Flash-Galerie

Слики од нападот на израелската армија врз хуманитарниот конвој

„Целта беше прекин на ембаргото“

Јасмин Реџепи се пожали на нехуман третман од страна на израелските сили и ги негираше обвинувањата на Изралеците дека мисијата не била хуманитарна, туку обид на радикалниот ислам да им помогне на палестинските терористи.

“Патниците, сите до еден, беа исклучиво луѓе со една мисија. Да се прекине ембаргото во Газа, децата да добијат храна, болните лекови и по можност сите да добијат слобода.“

За учество во хуманитарната мисија тројцата македонски повратници аплицирале на интернет. Рекоа дека се задоволни од ангажманот и заложбите на македонската дипломатија да им помогне по апсењето и депортирањето од еврејската држава.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Трајче Тосев

DW.COM