1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонскиот фудбал има потенцијал и заслужува повеќе

Илчо Георгиевски, кој пред 20-тина дена стана претседател на Фудбалската федерација на Македонија, за Дојче веле зборува за состојбата што ја наследи во мак-фудбалот и за обврските со кои е соочено новото раководство

Тој е 4-от претседател на ФФМ од осамостојувањето. Дојде на местото на Харалампие Хаџи-Ристески, кој една деценија беше на чело на македонскиот фудбал. Илчо Георгиевски жешката тренерска клупа, ја замени со раководната фотелја:

„Па, точно така. А, во основа се е поврзано со фудбалот. Сега ќе делувам од малку поинаков аспект, но се надевам дека ќе се справам со сите задачи, кои ќе следат во идниот период.“

Јаневски е вистинското решение

Првиот конкретен потег беше смената на селекторот на „А“ репрезентацијата! Причината за разделбата со Џон Тошак е неможноста на Велшанецот да го

Cedomir Janevski neuer Trainer Mazedonien

Новиот селектор на македонската репрезентација Чедомир Јаневски

прошири делокругот на своите обврски и на едукација на тренерскиот кадар во Македонија. Наименувањето на Чедомир Јаневски на ова место, Георгиевски вака го образложува:

„Селекторот на националниот тим во основа треба да учествува во работата, едукацијата и развојот на македонскиот фудбал. Тоа значи, во работатаа на клубовите, во едукацијата на тренерите.Го ангажиравме Чеде Јаневски, кој што е наша играчка легенда. Тој е афирмирано тренерско име. Живее и работи во Белгија, но го познава нашиот, македонски менталитет, има западни навики ... Управниот одбор на ФФМ сметаше дека во моментов Јаневски е вистинското решение пред почетокот на квалификациите за Светското првенство во Бразил во 2014-та година.“

Новиот претседател на ФФМ, за позицијата на македонскиот фудбал на меѓународната ранкинг скала смета дека е депримирачка. Вели, мак-фудбалот има потенцијал и не заслужува такво место:

„ Можеби дополнителна мотивација за мене да ја прифатам оваа функција да бидам претседател на ФФМ, беше токму фактот што ние сме на позиција, која не ни припаѓа! Мислам дека Македонија има потенцијал, има таленти, има квалитет да биде многу повисоко рангирана на таа листа.“

Подобра инфраструктура и грижа за младите

Како долгогодишен играч екс-репрезентативец, како тренер на шампонските тимови „Македонија ЃП“ и „Вардар“, Илчо Георгиевски директно ги чувствува

Ilco Gjorgjioski Präsident des Mazedonischen Fußball Bundes

Илчо Ѓорѓиоски

лошите услови за работа на клубовите и несоодветаната инфраструктура. Визијата на новото раководство на ФФМ е подобрување токму на овие сегменти, како и поголема грижа за младите категории.

„Знаете, во нашата програма главни приоритети се подобрување на инфраструктурата. Познато е на сите, дека е во очајна состојба! Исто така ќе работима и на развојот на младинскиот фудбал, каде што е базата и од каде треба да произлезат квалитетни репрезентативци. Токму од тука очекуваме да биде подигнато нивото на целиот наш фудбал и квалитетот и реномето на македонската репрезентација.“- вели претседателот на ФФМ, Илчо Георгиевски.