1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонскиот премиер Хари Костов поднесе оставка

Хари Костов денеска ја достави оставката од функцијата претседател на македонската влада до Парламентот. „Во владата не постои волја за тимска работа и за економскиот развој како приоритет.Процесите на хармонизација со законодавството на Унијата се закочени и може да ги блокираат евроатланските процеси.“ Во денешното обраќање до јавноста премиерот Костов директно атакуваше врз коалициониот партнер

ДУИ, за кого рече дека исклучиво инсистира на рамковниот договор и националните приоритети на Албанците.Костов ги обвини ДУИ и дел од министрите за растечка корупција и непотизам. Нов мандатар ќе биде и новиот лидер на СДСМ на Конгресот што под итно е закажан за наредната недела. Александар Чомовски известува: