1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонскиот премиер на разговори во Брисел

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска престојува во еднодневна посета на Брисел. Груевски се сретна со Хавиер Солана, а престои средба и со еврокомесарот Оли Рен.

default

Европскиот дипломат Солана домаќин на Никола Груевски

На средбата со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана, Груевски уште еднаш добил честитка за успешно водените разговори со опозициската Демократска Унија за Интеграција. Македонскиот премиер со Солана покрај за внатрешнополитичката состојба во Македонија, разговал и за односите на земјата со Унијата како и за ситуацијата на Балканот особено околу Косово.

Македонскиот премиер Никола Груевски кој покрај со Солана во Брисел се среќава и со еврокомесарот за проширување Оли Рен по средбата со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика ги информираше новинарите за текот на разговорите.

Македонскиот премиер во Брисел претстави позитивна слика за акциониот план

Груевски пред Солана преставил позитивна слика кога станува збор за исполнувањето на задачите од акциониот план за партнерство со Европската унија „Јас го информирав дека владата, за разлика од минатиот пат кога дојдов тука во Брисел кога 90 посто од законите за 2006 година не беа завршени, во меѓувреме ги заврши сите закони што беа потребни од акциониот план за партнерство со ЕУ и за 2006, а до крајот на овој месеци ги завршува и сите закони што се потребни за 2007 година, затоа што најголемиот дел од нив веќе го имаат поминато Парламентот. Еден дел се во парламентрна процедура, еден дел во владина, но до крајот на јули се што беше зацртано да биде готово до декмври 2007 ние го завршуваме, предвреме се што беше планирано за европското партнерстов во однос на реформите за кои често слушаме коментари.“рече Груевски кој истакна дека тој во разговорите со Солана ја истакнал намерата на владата до септември да заврши и со сите подзаконски акти, а од октомври да се зафати со законите предвидени со акциониот план за 2008-ма година.

Косовското прашање на дневен ред на разговорите Гуевски - Солана

По средбата високиот претставник на ЕУ како што беше и најавено не даде изјава, но Груевски пренесе дека тој му честитал за успешно водените разговори со Демократската Унија за интеграција. Во фокусот на средбата биле и регионалните прашање пред се’, косовското, кое според Груевски може да влијае врз безбедносната состојба во регионот „Разговаравме и за безбедносната состојба. Му кажав дека во Република Македонија иамме стабилна безбедбосна ситуација, меѓутоа дека регионот е тензичен во смисла на отвореното косовско прашање и проблемите околу тоа прашање, и дека интерес на Република Македонија е што побрзо решавање на прашањето. Нашите ставови околу планот на Ахтисатуи се познати и во тој дух сега се очекува чекор од страна на ЕУ и САД.“

Во Брисел пренесени информации и за реформите во судството

Македонскиот премиер меѓу другото го информирал Хавиер Солана за 7 процентниот раст на економијата во Македонија во првиот квартал од годинава, за намалувањето на даноците, а предмет на разговорите биле и реформите во судството односно конституирањето на Републичкиот судскиот совет. Притоа Солана изразил жалење што ДУИ не учествувала на овие разговори и истакнал дека е добро да се направат нови обиди таа да се вклучи во нив и да се дооформи Републичкиот судски совет-рече Груевски.

На актуелните случувања во македонското Собрание , се осврна и македонскиот премиер во изјавата за новинарите дадена во Брисел попладнево :