1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонскиот премиер во Вашингтон

Македонскиот премиер Владо Бучковски денеска во Вашингтон ќе се сретне со американскиот претседател Џорџ Буш и државниот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд.

Владо Бучковски

Владо Бучковски

Во фокусот на разговорите ќе бидат македонските аспирации за членство во ЕУ и НАТО како и реформите кои ги презема Македонија во таа насока. Американскиот Стејт Департмент синоќа соопшти дека државниот секретар Кондолиза Рајс, која веќе се сретна со Бучковски, го подфалила текот на реформите во Македонија и придонесот на замјата кон стабилноста во Ирак и во Авганистан. Македонскиот премиер Бучковски се сретна и со претсетдалот на Светската банка Пол Волфовиц, кој меѓудругото истакна дека Македонија е добро место за инвсетирање.