1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонскиот пензиски систем пред колапс

Македонскиот пензиски систем се соочува со сериозен предизвик. Дефицитот во Фондот е се поголем и се пополнува со пари од буџетот за редовна исплата на пензиите. Експертите сугерираат мерки за да се избегне колапс

default

На пензискиот фонд лани му недостигале 34 проценти од потребните средства

Старосната граница за пензионирање нема да се зголеми, а пензиите во наредните години ќе растат. Наспроти ваквите најави од Владата се предупредувањата на експертите за големите ризици со кои се соочува пензискиот систем во Македонија.

Не е предвидено ниту зголемување на стапката за пензискиот придонес. Напротив Владата останува на ветувањето дека во наредните години ќе ги зголеми пензиите за 22, 5 проценти. Може ли македонската економијата да ги издржи таквите проекции или пензискиот систем ќе се соочи со колапс?

Втората опција е поверојатна ако се има предвид податокот дека во минатата година на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување му недостигале дури 34 проценти од сумата потребна за исплата на 280 илјади пензионери колку што има Македонија. Загубата на Фондот се сервисира со 233 милиони евра пари од Буџетот. 

Експертите укажуваат на ризици на кус и на долг рок. Зорица Апостолска, поранешна директорка на МАПАС за Дојче Веле објаснува:

“Можните ризици што во овој момент можат да се согледаат се како последица од намалувањето на стапката на придонесите која што се случи со Законот за задолжителни социјални придонеси, тие се намалија, мојата претпоставка е дека на долг рок тие ќе имаат влијание врз покачување на дефицитот на фондот“.

Решение во помали пензии

Mazedonien Land und Leute

Подобро помали пензии одржливи на долг рок отколку колапс на системот, сугерира експертот за јавни финансии професорот Абдулменаф Беџети.

“Тие мерки беа непопуларни уште кога се спроведоа бидејќи беше укажано дека оваа мерка ќе биде контрапродуктивна и дека ако еден ден доцнат пензиите ќе биде уште понепопуларно. Подобро помали пензии, а одржлив систем, отколку зголемување на пензиите и неодржливост на системот“.

Познавачите велат дека и Македонија во блиска иднина ќе мора да преземе некоја од непопуларните мерки воведени во повеќе европски земи. Првата варијанта е зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години за мажи и 65 години за жени, а втората опција е зголемување на стапката по која се плаќа пензискиот придонес. Во спротивно се почесто Буџетот ќе се товари со дололнителни трошоци за редовна исплата на пензиите. Дефицитот во фондот расте од година во година.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM