1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонскиот и албанскиот претседател на средба во Охрид

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска во Охрид се средна со неговиот албански колега Бамир Топи. На средбата се согласија дека треба заеднички да се делува против организираниот криминал.

default

Бранко Црвенковски, претседател на Македонија

Претседателите на Република Македонија и Република Албанија, Бранко Црвенковски и Бамир Топи денеска во Орхид ги повторија ставовите врзани со билтаралната соработка и евро – атланските аспирации на двете земји.

Косово повторно беше во центарот на разговорите, како и прашањето околу употребата на знамињата на националностите во Македонија, кое наиде на револт кај албанскит политички блок во земјата. На средбата меѓу двајцата претседатели стана збор и за интеграцијата во НАТО на Македонија и Албанија. За претседателот Црвенковски верувањето во нешто, на приемиер дали Макеоднија и Албанија ќе добија покана за членство во НАТО, во Букурешт не е доволно. Според него во престојниот период ќе треба секој да си го одработи својот дел од работата. На тие прашања ќе треба да се фокусираат сите политички структури во двете земји истакна претседателот на Македонија.

За можното проблематизирање на Грција околу спорот со името како услов за влез на Македонија во НАТО, Црвнковски одговори -Неможам да прејудицирам што ќе направи Грција, но она што го знам е дека со времената спогодба потпшана меѓу двете земји во 1995 година Грција нема основа и можност да го спречи интегирањето на Македонија во Алијансата, ниту во која било друга меѓународна организација.

По случаите со пронајденото оружје во гостиварско и киднапирањето во тетовско, за безбедносната состојба во Македонија Црвенквоски со став - Факт е дека во последно време зачестија инцидентите од безбедносен карактер во одредени региони во Република Македонија. - рече Црвенковски кој за во среда оваа недела закажа нова седница на Советот за безбедност.

Што се однесува до решението за косвоското прашања, македонскиот претседател уште еднаш го повтори ставот дека за Македонија е најдобро, решението да биде дефинирано во Советот за безбедност на ОН.

Македонскиот претседател Црвенковски и неговиот албански колега Топи денеска се согласија дека треба да се продлабочи економската соработка меѓу Македонија и Албанија, да се работи на доизградбата на Амбо и Коридорот осум во соработка со Бугарија , но и заеднички да се делува во борбата против организираниот криминал.