1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонскиот државен врв против поделба на Косово

Националниот совет за безбедност свикан од претседателот Црвенковски вчера расправаше на оваа тема

default

Поделбата на Косово е најопасната разврска за неговиот иден статус,етничките зидови во покраината ќе ги отворат ранливите на балкански простори за можно прекројување.Овој заеднички став на државно владиниот врв го соопшти претседателот Црвенковски.Неговиот Совет за безбедност покренува иницијатива за заедничка средба со дипломатската тројка на Контакт групата за да ги чујат и ставовите на Косово за неговиот иден статус.

Македонија очигледно не сака да биде нем посматрач на преговорите на тројката со Белград и Приштина,зашто инсистира на конечно,прецизно и итно обележување на нејзината граница кон Косово.

“Ние инсистираме во било која солуција која што сега би произлегла како решение од тие преговори,таа солуција за демаркација на границата и по својата содржина и по својата динамика да биде вградена,"рече шефот на државата.

Црвенковски и Груевски седеа еден до друг,нивниот политички ривалитет и нетрпеливост не го попречи консензусот околу позицијата за Косово.Засега нема безбедносни закани за Македонија,изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошовски.