1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонскиот авион се обидел да слета?

Авионот со кој загинаа македонскиот претседател и членовите на неговата делегација, се обидел да слета, зашто тркалата за време на паѓањето на авионот биле исфрлени нанадвор, јавува агенцијата Бета повикувајќи се на извор близок на полицијата на Босна и Херцеговина.

Остатоците од авионот со кој патуваше макеоднската делегација

Остатоците од авионот со кој патуваше макеоднската делегација

”Сега се утврдува дали станува збор за принудно слетување поради евентуален технички проблем на моторот или авионот е погрешно наведуван на слетување”, вели анонимниот извор, додавајќи дека досегашната истрага ја исклучува можноста лошите временски услови да влијаеле врз падот на авионот.

“Факт е дека тоа утро имало страшно невреме, но колку што знае истрагата, пилотот пред да тргне од Скопје бил запознат со временската ситуација во Босна и Херцеговина. Исто така, колку што знаеме, тој потпишал и изјава со која ја прифаќа одговорноста, Значи, во никој случај не може да стане збор за нестручност на пилотите, или за отсуство на концентрација”, го цитира Бета својот извор.

Тој наведува и дека треба да се испита опремата, односно радарот со кој што е наведуван авионот, зашто постои сомневање дека станува збор за застарена опрема. ”Би било страшно доколку на крајот се соопшти дека авионот паднал поради необјасниви причини”, вели изворот близок на полицијата на Босна и Херцеговина за агенцијата Бета.