1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонска европска пролет - 2013?

Бундестагот е обврзан да го визира секое ново проширување.На процедурата која трае до 8 недели мора да и претходи позитивна одлука од Европскиот совет. Значи - Македонија најверојатно ќе мора да почека до пролетта 2013!

Минатонеделната посета на еврокомесарот за проширување Штефан Филе на  германската престолнина го потсети политички Берлин на дадените ветувања околу европските перспективи на  Западниот Балкан и на Македонија. Земјата по четврти пат доби позитивни оцени од Брисел, но овој пат со квалитативна разлика: без условувања, туку со одвојување на спорот околу името од пристапните преговори. Ќе ја има ли Македонија поддршката од Берлин во декември?
„Во принцип, сите пратенички групи во Бундестагот позитивно гледаат на почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. И доколку е како што се кажува и Грција подготвена спорот околу името да се решава во текот на пристапните преговори, тоа ќе биде напредок и ние би го поздравиле “, коментира за ДВ либералот Рајнер Штинер, кој будно ги следи состојбите на Балканот и однесувањето на европската и германмската администрација.

Rainer Stinner FDP

Гласови од Брисел дека Македонија не ќе стаса на дневен ред на декемврискиот Европски совет! Рајнер Штинер (ФДП)


А кога е во прашање идното проширување, суштински и симболично „зеленото светло“ за било кое ново членство го дава германскиот Парламент. Ова значи  демократијата, но и процедура и време што во конкретниот случај на Македонија не и е од интерес, особено ако се знае дека дека до декемврискиот самит на Европскиот совет останува помалку од месец. Но, законот си е закон, и како велат експертите по право, процедурата во Бундестагот – дебатата во комисиите и одлука од пленумот нормално трае 6 до 8 недели. Но, пред и да започне во Парламентот, потребни се позитивни сигнали од  Европскиот совет. Повеќемина меѓутоа сметаат дека првиот исчекор нанапред Македонија веќе го направила со иницијативата на Комисијата пристапните преговори да се одделат од спорот со името. Комисијата до декември ќе се обиде да ги убеди своите членки во нејзините гледишта, но не смее да се заборави дека и натаму критични остануваат Грција, но и Бугарија!

За Македонија е мнозинството!

„Германците не се сомневаат во големиот напредок кој Македонија до сега го постигнала на европскиот пат.Затоа сум и убеден дека во Паралментот ќе го имаме мнозинтво. Дали меѓутоа ќе го имаме сега или процесот ќе потрае - е

Peter Weiß Abgeordneter

Сите пратенички групи позитивно гледаат на стартот на пристапните птреговори на Македонија. Петер вајс ЦДУ-ЦСУ

прашање кое зависи од тоа како ќе се одвиваат разговорите со другите членки, зашто сето ова има смисол само доколку Европскиот совет, независно од Германија,  донесе   позитивна одлука во корист на Македонија “, образлага за ДВ демохристијанот Петер Вајс. Според него кај земјите членки има различни мислења околу предлогот на Комисијата и дали решението на спорот околу името може да се постигне до крајот на пристапните преговори. Единство мора да има и околу ова, а тука се и двете проблематични држави. Патот е тежок, вели Вајс, но за Македонија говори  извештајот на Европската комисија што е важна основа германските паралментарци да го визираат стартот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.
„Од  Брисел последниве денови слушнав дека во декември овој предлог нема да биде на дневен ред на Европскито совет, туку ќе има пролонгирање, со што ќе се даде можност за дискусии во комисиите на Бундестагот, зашто во декември се’ би требало да се одвива по скратена постапка, иако и за неа би биле подготвени. Генерално, е  важна пораката дека германскиот Бундестаг, пратеничките групи се подготвени  да го направат овој чекор. Ние сме за почесток на пруистапните преговори и доколку не се стаса во декември, тогаш во јануари – февруари“, подвлекува за ДВ Рајнер Штинер.

Поврзана содржина