1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонска делегација утре во Москва ќе го потпише договорот за „Јужен тек“

Гасоводот „Јужен тек“, чија изградба треба да заврши до 2015. година долгорочно треба да и‘ гарантира енергетска стабилност на Македонија, порача македонскиот премиер Никола Груевски.

Македонска делегација, предводена од премиерот Никола Груевски по покана од Руската Федерација, денеска заминува за Москва, каде утре треба да го потпише договорот за „Јужен тек“.

„Ова е исклучителен значаен проект за нас, затоа што со Јужен тек практично на долг рок се гарантира енергетската стабилност на Република Македонија, се обезбедуваат нови количества гас, што ќе направат и проектот за внатрешна инфраструктура за пренос на гас во Македонија да добие една поголема смисла“, изјави премиерот Никола Груевски.

Тој подвлече дека и за внатрешната инфраструктура има зацртано план за тоа како да се реализира и, истакна дека се планира брз почеток, но зависи од тоа дали ќе има доволни количества гас.

Сега со склучување на договорот за „Јужен тек“, сите други понатамошни операции за гасификација на Македонија, за градење внатрешна инфраструктура на гасоводи добива смисла во вистинска насока, појасни Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање од каде ќе дојде кракот, од Србија или од Бугарија, премиерот Груевски посочи дека тоа ќе биде одлука на Руската Федерација односно на „Газпром“.

Гасоводот „Јужен тек“ треба да заврши до 2015. година, кога ќе протечат првите количества гас кон Централна и Јужна Европа. Капацитетот на гасоводот е 63 милијарди метри кубни годишно или 14 проценти од вкупните потреби на Европа.

Македонија во јули минатата година влезе во проектот „Јужен тек“. Изградбата на гасоводот почна во декември 2012 година.