1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонска делегација на средба со Нимиц

Медијаторот на ОН Метју Нимиц вчера во Њујорк се сретна со амбасадорот Никола Димитров, а на состаноткот присуствуваше и шефот на кабинетот на македонскиот премиер Мартин Протугер.

default

Нимиц при последната посета на Скопје

За време на двочасовната средба во Мисијата на Република Македонија, од Нимиц е побарано да ги преиспита сите спорни сугестии од последниот предлог и да ги уважи македонските ставови дека решение нема да има се додека доаѓаат закани од грчка страна. Со конкретни примери на Нимиц му било укажано и дека излегол од својот мандат, при што тој се согласил дека во разговорите станало збори и за прашања кои дирекно не се содржани во резолуцијата на ОН.

На средбата со Нимиц се зборувало и за решавањето на проблемот со Егејските бегалци, при што од македонска страна е нагласено дека тоа не е предмет на трговија туку прашање кое е еден од приоритети на владата. На медијаторот Нимиц во писмена форма му се доставени и позициите на Македонија во спорот со името од кои земјата нема да отстапи.

Поврзана содржина