1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Македонска делегација на аудиенција кај Папата

Претседателот на македонското собрание Љубиша Георгиевски и државно црковната делегација денеска во Ватикан беа примени од Папата Бенедикт 16. Средбата се одржа во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“. Папата во обраќањето пред македонската делегација ја истакна добрата соработка на Светата столица со Македонија. „Вашата земја е место за среќавање на многу култури и срдечно ви посакуван да останете верни на наследтсвото што го имате . Македонската делегација цо Ватикан имаше средба и со државниот секретар при Светата Столица , Тарчисо Бертоне.

По средбите во Ватикан, во црквата Свети Климент во Рим ќе се одржи молебен на гробот на свети Кирил со кој ќе чиноначалствува архиепископот на МПЦ, Господин господин Стефан.