1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонска делегација во посета на Хаг

Македонска делегација предводена од вицепремиерката Габриела Коневска Трајковска и министрите за правда и за внатрешни работи, Михајло Маневски и Гордана Јанкулоска, денеска во Хаг имаат средби со главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте и со претседателот на Трибуналот, Фаусто Покар.

Зградата на судот во Ден Хаг

Зградата на судот во Ден Хаг

Соработката со Хашкиот трибунал и враќањето на четирите предмети од конфликтот во 2001-та во Македонија се темите околу кои попладнево се фокусираат разговорите на македонската делегација со првите луѓе на Трибуналот. За разлика од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора кои повеќе години наназад имаат норматива со Трибуналот, Македонија законската рамка за соработка со Хаг ја утврдува сега. Министерството за правда е изготвувач на Законот кој во 40-те члена треба да ја регулира оваа проблематика. Текстот на Законот мора да се усогласи со Трибуналот и европските стандарди, поради што под лупа во Хаг е изготвената драфт верзија на Законот, која инаку доби зелено светло и од ОБСЕ . Сите поединости и нејаснотии се очекува да бидат утврдени и расчистени во разговорите меѓу претставниците на македонската Влада и тимот на Трибубналот предводени од престедателопт Фаусто Покар. Дури откако ќе биде усогласен Законот за соработка со Хашкиот трибунал ќе биде утрвреден од Владата и предложен до Собранието.

На агендата на македонската делегација е и средбата со првата дама на обвинителството Карла дел Понте. Според информациите од македонска страна, на разговорот треба да биде утврдена динамиката со која од Хаг во Македонија ќе бидат вратени четирите предмети од конфликтот во 2001 година. Станува збор за предметите против раководството на ОНА, одговорноста за Липковска брана, Непроштено и Раштански Лозја. Предметите до Трибуналот се поднесени уште во 2003 година и со оглед што до сега не се обработени, се бара нивно враќање во судскиот апарат на Македонија. Инаку, делегација во затворот Шевенинген ќе ги посети и обвинетите во случајот Љуботен, Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски.