1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонската репрезентација тоне на ФИФА листата

По последната серија порази македонската фудбалска репрезентација опасно се приближува до 100. место на ФИФА ранг листата. На врвот и натаму е Шпанија.

Поразите во пријателските натпревари од Шведска и Норвешка ја чинеа фудбалската репрезентација на Македонија 14 места на ФИФА листата. Светската куќа на фудбалот, во четвртокот ја објави најновата листа, на која македонската репрезентација се наоѓа на 92-то место.

Македонија на почетокот на јуни одигра пријателски средби со Шведска во Малме и Норвешка во Осло и на двете средби избраниците на Чеде Јаневски забележаа порази (0-1, 0-2).

Што се однесува до репрезентациите кои и‘ се противници на Македонија во квалификациите за Светското првенство, највисок рејтинг има Хрватска, која бележи пад од четири места и се наоѓа на осмата позиција. Белгија влезе во Топ 10 на листата, откако забележа скок од две места, Србија назадуваше пет позиции и се наоѓа на 41-то место, Велс е на 46-та позиција, додека Шкотска, благодарение на победата над Хрватска во Загреб напредуваше 24 позиции и се наоѓа на 50-то место на ФИФА листата.

Инаку на врвот на листата и понатаму е Шпанија, пред Германија, Колумбија, Аргентина, Холандија, Италија, Португалија и Хрватска. Бразил, по подолго време се врати во Топ 10 на светскиот фудбал, ’кариоките’ со освојувањето на Купот на Конфедерации направи скок од 13 места и се наоѓа на деветтото место, додека Топ 10 завршува со Белгија.