1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонската ракометна репрезентација поразена од Унгарија

Во рамките на квалификациите за Европското првенство во ракомет идната година, Македонија загуби од Унгарија. Голманот Борко Ристовски за натамошните шанси и неговата клупска кариера.

default

Ракометната репрезентација на Македонија вчера во Скопје убедливо загуби од Унгарија со 29:22. Натпреварот, кој се одигра во рамките на групата „1“ од квалификациите за Европското првенство во 2012 година, беше решен уште во првите 10 минути кога Унгарците направија предност од пет голови разлика, а до крајот на првиот дел истото дури и двојно го зголемија, на 10 голови.

Без капитенот Кирил Лазаров, македонските ракометари не можеа да им се спротистават на фаворизираните гости. Голманот Борко Ристовски, уште пред натпреварот го потенцираше отсуството на Кире Лазаров и покрај умерениот оптимизмот: „Нормално ние се спремаме да го надополниме неиграњето на Кире Лазаров и мораме да одиграме барем 30 проценти подобро од она што го играме за да не се осети неговото отсуство“.

Вардар пука високо во Европа

Борко Ристовски, покрај обврските за репрезентацијата, со мислите е и со својот клуб Вардар, преостанатиот македонски претставник во Европа, кој одлично гази во Купот на победниците на Куповите. Го елиминира данскиот Колдинг, стигна до четврт финалето во кое го чекаат дуелите против Решица од Романија.

„Во европските купови навистина играме добро, поминавме со четри победи по ред, што не е мала работа. Се надеваме и одиме повторно на две победи со Романците и чекаме поволен ждреб и ако го елиминираме следниот поволен противник и го избегнеме Гумезбах можеме да се надеваме и на финале.“

Металург е пред целта, Вардар е само со надеж

Во македонското првенство Металург е неприкосновен. 5 недостижни бода е разликата, која ја направи пред Вардар. Но, Борко Ристовски вели дека е спортски да се игра до крај и да се надева. „Никогаш не се откажувам од ништо, така сум јас воспитуван и спортски одлгледан, така што ќе чекаме кикс на Металург за да пробаме да ја освоиме титулата.“

Автор: Златко Калински/ миа

Редактор: Александра Трајковска