1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонската опозиција и власт во спор за турските црни пари

„Успеавме да пренесеме дел од парите, 950.000 евра во Македонија“, цитираше Шекеринска дел од изјава на приведен во корупцискиот скандал во Турција. Министерот Ставрески тврди дека секоја трансакција се регистрира.

Пратеничката и потпретседателка на најголемата опозициска партија СДСМ Радмила Шеќеринска упати прашање до премиерот во врска со корупцискиот скандал кој ја тресе Турција поврзан со „Халк банка“, во кој еден од функционерите на банката, кај кого во кутии од чевли беа пронајдени големи суми пари, истакна дека дел од тие средства, односно околу милион евра, требало да влезат во Македонија.

Министерот за финансии Зоран Ставрески рече дека таа поставува хипотетички прашања и дека за нив нема никакви докази или аргументи. На собраниската седница посветена на пратенички прашања, Шеќеринска упати прашање до премиерот Никола Груевски во врска со корупциски скандал во Турција во кој е инволвирана и „Халк банка“, којашто има неколку експозитури и во Македонија.

Radmila Sekerinska von der SDSM Partei in Mazedonien

Радмила Шекеринска

„Премиере, како во нашата држава можат да стигнат речиси милион евра во кеш? Пред една година МВР се пофали дека се фатени на граница 20 илјади евра, но нема вест за овие милион евра. Се надевам дека ги следите медиумите. На каков начин во Македонија успеваат да влезат милион евра во кеш? Дали тоа некој го регистрирал и за кого биле тие пари? Или, тоа се ситни пари за премиерот. Самиот директор на банката потврдува дека тој не можел да ги внесе овие пари во сопствената банка, па дека на ваков начин можел да ги префрли во Македонија. Дали МВР проверува какви се` чевли влегуваат во нашата држава? Сакам директен одговор без заобиколувања и без премолчување на скандалот“, праша Радмила Шекеринска.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, пратеничката бара информации за политички случувања во Турција за кои истрагата е во тек и за кои нема доволно проверени информации.

„Ако сте регистрирале влез на милион евра, тогаш сте должни тоа да го пријавите. Донации се една работа, а банкарски трансфери се друга работа. Нашите органи ја регистрираат секоја трансакција поголема од износот од 10 илјади евра“, истакна Ставрески во својот одговор. Тој додаде дека парите не влегле во земјата, а доколку некој се обидел да ги внесе, ќе бил фатен.

Шекеринска реагираше на ваквиот одговор и истакна дека избегнувањето на одговори е практика на Владата.

Zoran Stavreski Vize Ministerpräsident Mazedonien

Зоран Ставрески

„Уште еднаш да ви го цитирам банкарот од Турција. Не вели дека планирал да трансферира пари во Македонија, туку: ’успеавме да пренесеме дел од парите, 950 илјади евра во Македонија’. Тажно е што премиерот бега од клучни прашања. Тоа покажува дека премиерот знае за овој случај. Очигледно, врвот е во врвот на владината пирамида“, заклучи Шекеринска.

Според неа, во последните четири години просекот на нелегални финансиски трансфери е милијарда и 24 милиони долари. Таа праша на што се должи, како што рече, драстичниот пораст на тој износ за двапати во однос на претходните четири години.

Вицепремиерот Ставрески го оквалификува како хипотетичко и ова прашање и посочи дека таа не го кажала изворот за бројките на кои се повикува.

Шекеринска укажа оти станува збор за институцијата „Фајненшл интегрити“, која била најреспектибилна за следење нелегални пари, и посочи дека името го кажала уште во тек на расправата за Буџетот за 2014.

Ставрески нагласи дека во Македонија законите се почитуваат, ограничено е колку пари смее да се пренесат преку граница во готовина, а исто така постојат обврски за банките за секоја трансакција над 10.000 евра да биде пријавена во Управата за спречување перење пари.

„Кога станува збор за граѓани кои пренесуваат пари во кеш преку граница, тие се должни да пополнат образец во кој ќе наведат колку пари имаат во готовина, на кој начин ги стекнале и зошто ги пренесуваат во готовина“, наведе Ставрески.