1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Македонската економија стагнира, инфлацијата расте

Гувернерот на Народната банка на РМ, Богов соопшти дека растот на БДП во земјата годинава ќе стагнира, а во следните години ќе забележи благ раст. Голем раст на инфлацијата во земјата

Македонската економија ќе стагнира во текот на годинава, најави вчера гувернерот на Народната Банка, Димитар Богов. Во следните две години се очекува умерен раст на економијата кој сепак ќе зависи од очекуваните приватни и јавни инвестиции.

„Во најновата проекција имаме надолна ревизија на БДП - стагнација наспроти раст од еден отсто за 2012 година и раст од 2,6 проценти за 2013 наспроти три проценти како во претходната прогноза, рече на прес-конференција гувернерот Богов.

Главни фактори на кои се потпираат новите проекци за економскиот раст, како што рече, се извозот и инвестициската активност, но оти ефектот на инвестициите е попозитивен од претходно очекуваниот за следните две години.

Богов смета дека економијата во 2013 и 2014 година со предвидениот раст ќе биде под нејзиниот потенцијал. Тој додаде дека НБРМ почна со проекција од три проценти раст на БДП за годинава за да стигне до 0, но истакнува дека проекции погрешни направија и многу други меѓу кои и меѓународни организации , а дека тоа е така кога неизвесноста е голема и работите се менуваат од ден на ден.

Инфлацијата, оваа и следната година ќе има зголемен раст и наместо прогнозираните 2,2 ќе достигне 3,5 проценти. Според Богов тоа е краткотраен ефект и се очекува стабилизирање во 2014 година. Најголемо влијание ќе имаат повисоки увозни цени на храната и енергијата.