1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Македонската еколошка храна-хит

Здравата храна од реонот на Малешевијата е прогласена за најдобра на Меѓународниот саем на Еко храна што неодамна се одржа во Виена. Фирмата „ Здравје Самарџи" од Берово првото место го освои за боровиот сируп и мед.

default

Македонија има поднебје што овозможува одгледување на здрава храна

Чистиот воздух, незагадената почва и планинската вода во изобилство ја прават Македонија еколошка земја како главен предуслов за еколошки здрава храна. А колку сето тоа е искористено, објаснува Горан Колев, земјоделски експерт и врвен стручњак за еколошки и органски здрава храна.Тој ги појаснува овие два термина, еколошки и органски здрава храна. „Органската храна е храна произведена според принципите на органското производство кои се дефинирани и регулирани со европската регулатива за органско производство, а во Македонија со закон за органско производство.Тое се правила коишто производителот треба да ги почитува и да обезбеди соодветна документација како доказ дека вистина се придржувал кон нив за да може да пласира еколошки здрава храна на пазарите. Додека еколошка храна е храна која што е произведена во еколошки чиста средина, меѓутоа не поседува никаков сертификат‘‘, појаснува Колев.

Можности за еколошко производство има, но не се доволно искористени

Galerie EPA EU Erweiterung Slowakei Kühe auf der Wiese

Македонија има неискористени капацитети и во областа на сточарството

Во Македонија поголем дел од територијата е еколошка, потенцира Колев: „Во Македонија поголем дел од територијата може да се нарече еколошка, тоа се најчесто планинските региони каде што нема индустрија.Тука спаѓаат деловите на Азот-велешко, западна Македонија накај Дебар, Струга, Вевчани, па преку другата источна страна на земјата Кожув, Беласица, Осоговието, Малешевието, па се‘ до Шар Планина, тоа се чисти региони.Македонија не е индустриска земја, затоа има поголема површина која може да се нарече еколошка‘‘ .

Но тие ни оддалеку не се искористени за производство на здрава храна,смета Колев и појаснува „Имаме голем потенцијал на диворастечки растенија, пред се‘ шумски плодови коишто не се искористени доволно .Сепак може да се каже дека се користат еден добар дел и тоа најчесто оди за извоз, но има уште многу да се искористува. Сточарството е исто така интересно, од една страна имаме крајно екстензивно сточарство коешто само треба да добие сертификат и статус на органско, за да му се зголеми вредноста. Меѓутоа, неедуцираноста на сточарите го прави сточарството какво што е во моментот“, смета Колев.

Зголемен интерес за производство на здрава храна

Obststand

Признание за еколошкиот квалитет на македонското овошје

Со поддршка од државата во последните две-три години работите во земјата се менуваат во позитивна насока, појаснува Колев.

„Со воведувањето на стимулативните мерки преку субвенциите и преку Агенцијата за рурален развој, работите почнуваат да се движат во позитивна насока.Затоа мислам дека за некое догледно време,ќе можеме да користиме добар дел од тие наши предности ‘‘.

Сето тоа придонесе бројот на земјоделци заинтересирани за производство на органски здрава храна да биде во пораст, оценува Колев: „Секоја година се зголемува и бројот на фармерите и површините на кои се одгледува, а исто така и стимулативните мерки од страна на државата.“

Предуслови за водечка земја во регионот по производство на здрава храна

Дека Македонија може да биде лидер во регионот за производство на еколошки здрава храна пример е беровската фирма „Здравје Самарџи‘‘ на Венчо Самарџиски.Таа на штотуку завршениот Меѓународен саем за здрава храна во Виена во силна конкуренција, од страна на потрошувачите со истанчен вкус беше избрана за првопласирана. за боровиот сируп, мед и соковите од рибизла и боровинки. „Многу сум задоволен за оваа награда, сето тоа говори дека моите производи се еколошки чисти и здрави.Сите се проверени во Заводот за здраствена заштита во Кочани. Суровините за моите производи се природни, значи се добиваат од чистите еколошки Малешевски планини и затоа се еколошки здрава храна‘‘ , појаснува Самарџиски.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Жана Ацеска