1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонската дијаспора на средба со Нимиц

Македонската дијаспора во Северна Америка почна поактивно да се спротивставува на грчкото лобирање против употребата на уставното име на Македонија. Организациите на Mакедонците во САД и Канада се сретнаа со Метју Нимиц.

default

ОН во Њујорк

Република Македонија има право на своето име без разлика на противењето на Грција, а разговорите на оваа тема треба да завршат со билатерален договор меѓу двете земји, му порачале на посредникот Метју Нимиц претставниците на македонската дијаспора во Северна Америка. На состанокот одржан во Њујорк, со Нимиц разговарале претставници на Македонските организации од САД и од Канада. Република Македонија не претставува закана за нејзините соседи. Напротив, постапките на Република Македонија се дијаметрално спротивни на грчкиот непопустлив став, кој наместо да промовира стабилност, предизвикува нестабилност и раздор на Балканот, гласела нивната порака до специјалниот пратеник на Обединетите нации за проблемот со името.

Претседателот на невладината Обединета македонска дијаспора, Мето Колоски за Дојче Веле изјави дека не може да го соопшти ставот на Нимиц кој произлегол во разговорите, но вели дека американскиот дипломат ги прифатил аргументите кои му биле претставени.

Нимиц во наредните неколку недели се очекува во посета на регионот, на разговори со политичкиот врв во Атина и во Скопје.