1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонската дијаспора во Германија ќе гласа на 12. април!

Гласањето за претседателските избори ќе се одржи еден ден пред изјаснувањето во Македонија - на 12. април (прв круг) и на 26. април (втор круг), а задолжителното пријавување ќе трае до 7. март 2014. година.

Македонските државјани кои се на привремена работа и престој во Германија за претседател на Македонија ќе гласаат еден ден пред регуларниот избор во татковината, односно на 12. и 26. април 2014. година. Гласањето ќе биде спроведено во трите дипломатско-конзуларни преставништва на Република Македонија во Германија: Берлин, Минхен и Бон, и тоа од 7 до 19 часот.
Согласно изборната регулатива граѓаните кои се на привремена работа и престој во Германија имаат можност од 16. февруари, па сѐ до 7. март, да проверат дали се во Избирачкиот список. Со проверката ќе се утврди дали се запишани, или треба да се изврши дополнување или бришење на нивните податоци. Граѓаните оваа проверка може да ја извршат во дипломатско-конзуларните претставништва во Берлин, Минхен или Бон, кои до законскиот рок - 7. март 2014, ќе бидат отворени секој работен ден од 8 до 19 часот. Граѓаните истовремено имаат можност барањата и пријавата за гласање (образец 29 и 30а) да ги обезбедат и електронски преку интернет од веб страницата на ДИК . Пополнетите документи, потоа можат по електронска пошта да ги испратат директно до Државната изборна комисија на следната адреса: IZBIRACKISPISOK@SEC.MK
Без наведената процедура и пријавување, државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа и престој во Германија, нема да можат да го дадат својот глас за избор на претседател на Република Македонија.
Македонската амбасада во Берлин инаку информира дека упатствата за престојните претседателски избори се доставени до сите црковни општини, македонски друштва и заедници во СР Германија. На 12. и 26. април, граѓаните кои се пријавиле ќе може да гласаат во дипломатско-конзуларните претставништва од 7 до 19 часот, пришто ќе треба да се идентификуваат со важечка патна исправа.

WWW-линкови