1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонската дипломатија во ќорсокак

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски не успеаја да се усогласта околу амбасадорската смена, а во сенка паднаа и приоритетите врзани со реформите за членство во НАТО и информациите околу преговорите за името во Њујорк.

Црвенковски му возвраќа на Груевски

Црвенковски му возвраќа на Груевски

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски вчера не се спогодија за кадровските решенија околу амбасадорскиот список за најзначајните дипломатски дестинации и затоа државата сеуште нема нови амбасадори во ЕУ, НАТО но и во седум други држави во ЕУ и НАТО каде е можно да се влијае и да се лобира за македонското членство.

Во сите досегашни амбасадорски смени, секоја влада инсистираше на свои партиски кадри. Не се исклучок ни СДСМ ни сега ВМРО ДПМНЕ.

Но во сегашната политичко партиска поделба на функциите претседателот Црвенковски и премиерот Груевски наместо сораборка јавно разменуваат и лични дисквалификации. Откако вчера не успеа обидот на претседателот да ги протурка поранешниот премиер Бучковски и својот советник Пендаровски, за кого ВМРО ДПМНЕ има забелешки кога тој раководеше со државаната изборна комисија, шефот на државата одеднаш го блокира и владиниот список за амбасадори во кој имаше и универзитески професори и непартиски дипломати. Во таа игра на нерви синоќа премиерот Груевски со остар напад: претседателот Црвенковси е лицемерен и неморален изјави премиерот по вчерашната средба со шефот на државата

„Приспап кој е прилично деструктивен, ученувачки и крајната цел не е да се дојде до решение, туку крјаната цел е тој да испаден пред јавноста дека дал нешто попаметно и дека бил пофер по отворен, а ние дека сме лоши и незрели. Тоа е лошо. Јас му порачувам да размисли после 16 години во политилката да смени нешто во својот стил и да почне да гледа на работите, како да се завршат работите добро за државата, а на второ место добро за него или за неговата партија. “

Денеска одоговорот стигна токму од претседателот Бранко Црвенковски.

„Тука јас не гледам ни двоен морал, ниту лицемерие, како што кажа премиерот Груевски синоќа. Мислам дека многу поголемо е лицемерие тоа што тој своите партиски пазари со коалиционите парнери се обидува да ги прикаже како принципиелни и квалитетни решенија, додека да ги дисквалификува професионалните дипломати.“

Шефот на македонската држава инсистира на департизација на дипломатите, иако во десетина влијателните европски дестинации амбасадори се деветмина партиски активисти на СДСМ.

Заладните односи меѓу претседателот и премиерот влијаат и врз водењето на надворешната политика, а во прашање се и државните интереси и политичките приоритети пред се околу членството во НАТО и ЕУ.