1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонската влада ја потврдува европската агенда, опозицијата критикува

Секретаријатот за европски прашања жали што Македонија и натаму не ги започнува пристапните преговори со ЕУ. Критика на сметка на владата денеска дојде од ЛДП.

Секретаријатот за европски прашања денеска преку соопштение го поздрави заклучокот на Советот на ЕУ дека Македонија доволно ги исполнува политичките критериуми за членство во ЕУ, но жали за неговата одлука да не ја прифати препораката на Европската комисија за започнување на преговорите петти пат по ред, бидејќи не бил постигнат консензус од страна на сите земји членки.

Во однос на пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) Советот наведува дека ќе продолжи да ги решава идентификуваните реформи, вклучувајќи го и спроведувањето на политичкиот договор од 1. Март како и отворените прашања со соседите.

„Иако не е замена за започнување на преговорите, Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) е важна платформа за Македонија да продолжи во нејзиниот пат кон европската интеграција“, објаснува Фатмир Бесими, заменик Претседател на Владата на Република Македонија задолжен за Европски прашања. Тој меѓу другото потенцира дека македонската влада и натаму ќе „се заложува за евро-интегративната агенда и добрите меѓусоседски и меѓуетнички односи артикулирани во заклучоците на Советот”.

Ружин со критика до владата

Wahlen in Mazedonien Kandidaten

Нано Ружин

Македонија и понатаму тоне, додека Србија, Албанија, па дури и Косово бележат напредок, оцени денеска Нано Ружин од Либерално-демократската партија, коментирајќи ги заклучоците во однос за Извештајот за прогресот на Македонија.

„Владата на Груевски, целосно ја покажа сопствената неспособност и индеферентноста да поправи нешто во изминатите два месеци за да го подобри аспирантскиот статус на државата. Со неговата нервозна и цинична порака кон Европскиот совет, настојува да го префрли неуспехот на неговиот недржавнички и недемократски метод на владеење на сметка на Брисел“, рече Ружин. Според него, оваа влада не е способна да ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО.