1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Македонската влада најавува шест до осум илјади вработувања

Македонскиот премиер Никола Груевски претстави нов пакет економско- социјални мерки за чија реализација ќе бидат издвоени 13 милиони евра.

Вкупно 12 мерки од кои четири за нови шест до осум илјади вработувања и осум за конкуретна поддршка на компаниите, социјално ранливите семејства, земјоделците и транспортерите, најави денеска (02.06.2012) премиерот Никола Груевски.

Тој на прес-конфренција, на која присуствуваа сите владини министри, објасни дека мерките се дел од т.н. нов бран, а целта е подобрување на вкупната економско- социјална состојба во државата. За нивната реализација ќе бидат одвоени 13 милиони евра.

„Мерките се внимателно одбрани и соодветно проектирани во услови кога има кратења во некои ставки од Буџетот. Реални се и остварливи и не се плод на политички памфлетизам“, нагласи Груевски.

Владата, напомена премиерот, ќе продолжи со спроведување на економско-социјалната политика што е во функција на граѓаните и компаниите и тоа е, како што рече, она што ја разликува од останатите политички субјекти.