1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонската влада и официјално ги доби парите од ММФ

Станува збор за кредит за претпазливост во висина од 480 милиони евра, кои по каматна стапка од 1,3% и се ставаат на располагање на Македонија за две буџетски години.

default

Министерот за финансии Ставревски порача дека кредитот е признание за добрата економска политика на владата

Македонскиот министер за финансии Зоран Ставрески на денешната прес конференција со претставникот на ММФ во Македонија Александар Тиеман не откри за што ќе се трошат парите. Тие ќе служеле за резерва а ќе се повлечеле само доколку постои ургентна потреба во случај надворешни ризици.

Ставревски: Признание за добрата економска политика

Logo IMF Internationaler Währungsfond

Сепак, сигурно е дека кредитот владата ќе го искористи за да емитува еврообврзница по поволна камата. Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека одобрениот кредит бил признание за добрата економска политика на владата. Со ваквиот потег според него ќе се испрати порака до инвеститорите во странство и би се подобрила позицијата на земјата да обезбеди поволна камата за планираната емисија на еврообврзница.

Контроли од ММФ секои шест месеци

Претставникот на ММФ, Александар Тиеман, изјави дека ова е нов инструмент кој што ММФ им го доделува на земји кои имаат здрави економски политики. Македонија е прва земја во светот што го користела овој кредит, токму поради здравите економски политики. Тиман подвлече дека кредитот значел и еден вид на осигурување во случај на евентуални мегативни влијанија однадвор. Инаку монетарците на секои шест месеци ќе контролираат дали земјата води здрава економска политика.

Парите на сметка на државата ќе легнат дури откако Собранието ќе изгласа закон за задолжување, што се смета за чиста формалност. Инаку со надворешно задолжување, владата планира да го покрива буџетскиот дефицит од 190 милиони евра.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Симе Недевски

DW.COM