1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Македонската влада задоволна, опозицијата критикува

*

Во изминатово тромесечие, Македонија имала интензивни активности во исполнување на критериумите за членство во ЕУ, се вели во владината информација усвоена денеска на собраниската комисија за европски прашања. Министерката за евроинтеграции Коневска Трајковска како позитивни ги посочи меѓу другото разврската во политичкиот дијалог, почетокот на втората фаза од децентрализацијата, како и предвременото откупување на дел од државниот долг. Опозицијата критикуваше дека во изминатите три месеци не се постигнати никакви резултати по наведените примери.