1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Македонската влада демантира дека е побарано да го смени името на скопскиот аеродром

*

Македонската влада денеска демантира дека добила барања за менување на името на скопскиот аеродром Александар Велики во знак на добра воља кон Грција. Повикувајќи се на дипломатски извори, скопската телевизија Канал 5 синоќа објави дека САД бараат од Скопје сериозно да размисли за враќање на старото име на аеродромот како добар потег во решавањето на грчко – македонскиот спор. Македонската влада аргументира дека „Александар Велики му припаѓа на историското, културно и духовно наследство на многу народи и етникуми од повеќе континенти и затоа никој нема право на ексклузивитет во користењето на неговото име.“