1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонската влада го усвои пакетот закони за децентрализација

Македонската Влада доцна синоќа ги усвои законите за територијалната поделба на Македонија и за локалната организација на Скопје. Од денеска пакетот од трите закони за децентрализација, вклучувајќи го и оној за финасирањето на општините влегува во собраниска процедура. Според него, Македонија ќе има 62 опшптини, а во Скопје се предуваат 9 со можност и Арачиново да биде дел од градската шема. Решено е местата Зајас и Осломеј да се приклучат кон Кичево, а неколку други општини кон Струга, со што во овие два општински центра Албанците ќе бидат над 50 насто. Од новата општинска карта во 25 покрај македонскиот ќе се зборува и албански јазик, а уште во 5 општини службени јазици ќе бидат турскиот, ромскиот и српскиот. Извори во владата не исклучуваат дека по јавната расправа е возможно бројот на општините да се зголеми, но тоа нема да биде повеќе од 75 до 77. Оставена е алтернатива Вевчани наместо да се приклучи кон Струга да остане општина иако не ги задоволува критериумите за тоа. Инаку просечната големина на една општина ќе биде околу 28 000 жители, што е два пати повеќе од европските стандарди.