1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонската влада ги утврди измените на законот за избор на претседател

Утврдена процедурата за избор на наследник на Борис Трајковски

Утврдена процедурата за избор на наследник на Борис Трајковски

Македонската влада на вонредна седница ги утврди измените на законот за избор на претседател, кои треба да бидат донесени по итна постапка. Според министерот за правда, Иџет Мемети, можно е парламентот да го донесе законот и во текот на денешниот ден. Измените, меѓу другото предвидуваат, од денот на распишување на изборите во рок од пет дена, да бидат направени сите подготвителни активности за да им се овозможи на граѓаните да предложат кандидат, како група граѓани. Во рок од десет дена,пак, треба да бидат собрани потписите од граѓаните. Кампањата се скратува, и таа според предлог текстот, треба да трае десет до 12 дена. Вториот круг од изборите се одржува две недели по првиот, како што е предвидено и со законот за избор на пратеници.

Македонската влада го менува законот за изборна претседател на државата, со оглед на тоа што постојната регулатива не е соодветна на уставот. Таму, имено, се предвидува изборот на претседател да се направи во рок од 40 дена по престанокот на мандатот на претходниот, но во законските одредби за избор на претседател, се предвидени условите за избор само во нормална процедура.