1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонската берза засега стабилна

Негативниот тренд на светските берзи како резултат на должничката криза и влошениот кредитен рејтинг на САД засега не се рефлектира сериозно врз македонската економија, но претставува закана.

default

Фактот дека добар дел од македонските компании објавија позитивни и подобри полугодишни биланси во споредба со минатата година е добар показател, но не и гаранција дека економијата е на стабилни нозе. Кризата веќе се чувствува на берзата, а главната закана според експертите доаѓа однадвор односно од развојот на настаните кај европските партнери:

„Резултатите на македонските компании не се така лоши во однос на случувањата во регионот и Европа и САД. Но, многу е битно за македонските компании како земјите трговски партнери ќе се справат со проблемите со кои се соочуваат. Доколку нашите европски партнери бидат погодени, тоа автоматски ќе ја намали потрошувачката, ќе предизвика трговски дефицит и намалување на работните места. Доколку тие претрпат силен удар од евентуална нова рецесија, тоа секако ќе значи удар и за македонските компании а со тоа и за македонската економија“, смета универзитетскиот професор Крсте Шајноски.

Со сличен став е и економскиот аналитичар Горан Марковски. Последното пореметување на берзите според него укажува дека се можни посериозни турбуленции за кои сепак смета дека ќе бидат од краток век:

„Македонија од тој аспект не може многу да влијае на настаните бидејќи генерално со оглед на каракетрот на македонската економија, а тоа е отворена извозно ориентирана која што во голем дел зависи од светските трендови и движењата на пазарите на капитал, а пред се` на суровините, ние ќе се движиме во тие рамки. Со одредено задоцнување. но ефектите ќе се проследуваат и тука. Така што она што го најавија и монетарната и фискална власт упатува на позитивен развој и во Македонија, меѓутоа се додека светската економија се движи во рамки кои не претпоставуваат поголеми нарушувања.“

Простор за поголем развој

Mazedonien Land und Leute

НБМ и владата предвидуваат инфлација од 4.5 проценти

Актуелната состојба на македонската берза, според аналитичарите, главно е иницирана од странските инвеститори кои се преориентирале кон регионалните берзи. Фактот што македонската берза веќе подолг период не се движи во корелација со странските пазари, според експертите сега може да биде и позитивен:

„Доколку се земе подолг период состојбите кај нас ни оддалеку не се движеа во корелација со странските пазари и тоа е сигнал дека има простор за нагоре на македонскиот пазар, што според мене е еден од факторите што македонскиот пазар не беше погоден силно во последниов период, односно ако на странските берзи падот беше 15, кај нас тој беше до 7%. Сметам дека македонскиот пазар покажа поумерено движење токму поради тие скриени резерви од минатото“,

Инаку владата и Народната банка на Македонија за годинава дадоа идентични проекции за економски раст од 3,5% и инфлација до 4.5%.